10 предмети во кујната кои сигурно заборавате да ги исчистите

Колку пати досега сте го исчистиле држачот за ножеви или садот за мраз? Кои други предмети во кујната треба (почесто) да ги чистите? 

10-predmeti-vo-kujnata-koi-sigurno-zaboravate-da-gi-ischistite-01.jpg

Никој не заборава да ги измие садовите, да избрише прашина или да ги исчисти подовите.

Но, постојат ситници кои скоро сите ги забораваме.

Кои предмети во кујната треба (почесто) да ги чистите?

Држач за ножеви

Веројатно не помислувате да го исчистите држачот за ножеви, бидејќи ножевите кои стојат во него се чисти.

Сепак, во малите отвори лесно се собираат нечистотии, а доволно е да влезе малку влага за да се појави и мувла.

За да ја избегнете појавата на мувла, немојте никако на држачот да ставате влажни ножеви.

Препорачливо е и да го дезинфицирате еднаш месечно.

10-predmeti-vo-kujnata-koi-sigurno-zaboravate-da-gi-ischistite-02.jpg

Корпа за отпадоци

Препорачливо е редовно да ја чистите корпата за отпадоци, не само кога е видно валкана.

Во неа има многу бактерии, па потрудете се да ја дезинфицирате барем на две недели.

Доколу непријатниот мирис од корпата не се отстранува ни по чистењето, време е да ја замените со нова.

10-predmeti-vo-kujnata-koi-sigurno-zaboravate-da-gi-ischistite-03.jpg

Сушара за садови

Ова е предмет кој често е влажен, што значи дека на него има погодни услови за развој на мувла и бактерии.

Овие бактерии, пак, можат да завршат на садовите.

Темелно чистете ја сушарата еднаш неделно.

10-predmeti-vo-kujnata-koi-sigurno-zaboravate-da-gi-ischistite-04.jpg

Машина за миење садови

Во машината можат да завршат остатоци од храна и пијалаци кои со текот на времето се акумулираат. Па, препорачливо е да ја чистите еднаш месечно.

Не заборавајте да го исчистите и филтерот.

10-predmeti-vo-kujnata-koi-sigurno-zaboravate-da-gi-ischistite-05.jpg

Фрижидер

Сигурно редовно го чистите фрижидерот, но не заборавајте да ја исчистите и гумата на вратата.

Гумата има набори во кои лесно се собираат нечистотии и бактерии.

10-predmeti-vo-kujnata-koi-sigurno-zaboravate-da-gi-ischistite-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои сите забораваме да ги исчистиме Колку често ги перете перниците? А, дали ја чистите машината за садови? Колку...
7 работи поради кои кујната секогаш ќе ви делува хаотично Мијалник кој мириса непријатно и во совршено уредена кујна, премногу магнети на ...
Крзнени парчиња, синтетички јакни - Како да ја перете зимската облека без да ја оштетите? Волнениот капут перете го со бебешки шампон, крзнените парчиња однесете ги на хе...
Трикови со кои во кујната сè ќе ви биде како „под конец“ Чистете ја корпата за отпадоци со парче лимон и искористете ја внатрешноста од в...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg