10 предмети во кујната кои сигурно заборавате да ги исчистите
Сад за мраз
Како секој сад, треба да го чистите и садот за мраз.
Најдобро е да го чистите пред секое полнење.
Организер за прибор
И ова е место каде што лесно се собираат бактерии кои потоа можат да завршат на приборот.
Па, еднаш месечно исчистете го организерот и оставете го добро да се исуши.
Отворач за конзерви
По секое користење, чистете го отворачот не само со вода, туку и со средство за садови.
Добро истријте ги и ножевите на отворачот бидејќи тие имаат најмногу контакт со храната од конзервата.
Сечила од блендер
Ако често го користите блендерот, барем еднаш месечно темелно исчистете ги сечилата.
Фиоки во фрижидер
Ако во фиоките чувате овошје и зеленчук, препорачливо е да ги чистите почесто, не само кога го чистите целиот фрижидер.
Бидејќи овие намирници најчесто не се во добро затворена амбалажа, во фиоката лесно можат да се развијат многу бактерии.
Спирова С. | Црнобело