Мапа со виолетови медузи во Грција + зошто се опасни и што треба да правите ако ве опече?
-->
Иако виолетовите медузи се тешки за забележување, најчесто може да ги препознаете по тоа што имаат „шапка“, четири главни и осум помошни пипала, а препознатливи се по виолетовата боја. Вообичаено се со големина од 6-10cm.
Кога се млади виолетовите медузи имаат портокалово-кафеава боја, а со созревањето таа се менува.
-->
Здравствените служби во Грција објавија листа на работи што задолжително треба да ги понесете со себеси, доколку одите на плажа, која вклучува:
- Пластична картичка (стара кредитна картичка или сл.);
- Пинцета;
- Мала чашка (слична на онаа за примерок од урина);
- Малку сода бикарбона (во сооднос 1:1 со морска вода);
- Лекови против алергии;
- Крем со кортизон.
Доколку имате ненадејна блиска средба со виолетова медуза, се препорачува да ги направите следните чекори:
- Местото на изгореницата веднаш да се измие со триење со морска вода;
- Доколку имате сода бикарбона со себеси, добро е да го мачкате местото со раствор од сода и морска вода (во размер 1:1) во траење од околу 2 минути со цел да се спречи понатамошно ширење на отровот доколку на местото останал дел од пипалата на медузата;
- Со пластичната картичка треба да се иструга остатокот од сода бикарбона, а со пинцета да се извадат остатоците од пипала на местото на убодот;
- На местото на изгореницата се препорачува да се стави мраз завиткан во ткаенина околу 5 до 15 минути, а можете слободно да искористите и некој леден пијалак, ќеса со замрзнат производ и слично;
- Доколку болката не поминува, потребно е повторно да се стави мраз во период од 5 до 15 минути;
- Доколку болката и понатаму не запира потребно е веднаш да се посети лекар;
- Местото на изгореницата треба да се завитка цврсто со завој и во никој случај не смее на него да се нанесува оцет, свежа вода, алкохол или амонијак.
Детално упатство на фотографијата:
-->
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете
Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите?
„Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира?
Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници?
Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето
Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање?
Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...