Специфична кашлица, поспаност, треска: Знаци кои укажуваат на пневмонија, a треба да ги знаете
Пневмонијата е воспаление на белите дробови кое може да предизвика понатамошни сериозни компликации.
Ова посебно може да се влоши доколку не се третира правилно, а може да се развие како последица од настинка, алергија или повреда и проблеми во пределот на градите.
Може да се појави кај децата и кај возрасните, но најранлива категорија се пушачите, како и оние кои често консумираат алкохол, иако тоа не е правило.
Не е лесно да се открие доколку не сте специјалисти, но постојат неколку симптоми со кои може да се посомневате, па да се консултирате со лекар.
Знаци кои укажуваат на пневмонија и треба да знаете да ги препознаете:
Треска и висока температура
Пневмонијата се карактеризира со висока температува повеќе од 4 дена (обично над 38.5⁰С), што многу тешко се спушта, а е проследена со треска.
Тешка поспаност
Телото на пациентот е ослабено и постојано го тера на спиење, а човекот нема енергија ниту за да јаде.
Специфична кашлица
Тешка кашлица која може да биде проследена со зеленикава плунка или малку крв.
Плитко дишење и губење воздух
Пневмонијата е болест која влијае на белите дробови, па пациентот може често да губи воздух и да има потешкотии при вдишувањето.
Болка во градите
Кај пациентите со пневмонија, болката во градите не е само за време на кашлањето, туку и за време на нормалното дишење.
Влошување на состојбата после настинка или грип
Ако настинката не помине после долго време, а температурата постојано се зголемува после 5 или повеќе денови, можно е да е заради пневмонија.
М. М. | Црнобело