Сè што треба да знаеме за правењето на сок дома

se-sto-treba-da-znaeme-za-pravenjeto-sok-doma-001.jpg

Доколку сакаме да водиме здрав живот тогаш мораме да ги вклучиме здравите навики во нашето секојдневие, како и да се придржуваме секојдневно да внесуваме природен сок полн со витамини во нашиот организам.

За да бидеме сигурни дека консумираме 100% природен сок тогаш најдобро е самите дома да го приготвуваме. Со тоа знаеме дека во нашиот организам ние внесуваме само здрави намирници кои го чуваат нашето здравје.

Во продолжение ќе објасниме неколку важни чекори кои ќе не подготват за секојдневното правење на домашен, 100% природен сок. Најпрво за да го извадиме максимумот од секое овошје и зеленчук, како и да ги добиеме сите витамини, минерали, хранливи состојки и растителни влакна, треба да користиме соковник со ладно цедење кој прави вкусен сок од овошје, зеленчук, а дури и од семиња.

На пример, MicroMasticating технологијата на Philips соковникот со ладно цедење цеди дури до 90% од сокот од овошјето, зеленчукот и семињата. Тајната се крие во тоа што оваа технологија ги дроби состојките на мали парчиња, цеди нежно, ослободувајќи сок и цеди во микроскопски размер, ослободувајќи уште повеќе хранлив сок преку поголем притисок, користејќи метално вретено.

Најважно од сè пред да започнеме со цедење на нашиот 100% природен сок е да знаеме дека токму тој сок прави чуда врз нашето здравје.

1 чекор: Треба да започнеме со цедење на производи со кои нашиот стомак веќе го имаме навикнато, на пр. моркови, јаболка, портокали или пак банани. Тие се вкусни, но во исто време и пријатни за нашиот стомак.

se-sto-treba-da-znaeme-za-pravenjeto-sok-doma-1.jpg

2 чекор: Откако неколку пати сме направиле сок од горенаведените намирници, време е во нашето мени да додадеме нови здрави производи кои што ќе бидат добри за нашето здравје. Најдобро е прво да се има база, на пр. моркови и зелени јаболка. Потоа може да се додаде цвекло, вишни (може и замрзнати), јаткасти производи и круша.

se-sto-treba-da-znaeme-za-pravenjeto-sok-doma-2.jpg

Можеби не сме консумирале мешани сокови од овошје и зеленчук, но полека нив мораме да ги внесуваме во нашата секојдневна исхрана особено поради нивното позитивно влијание врз нашето здравје и придобивките кои што ние ги имаме од нив. 

Еве неколку брзи и лесни трикови кои што ќе ни помогнат секојдневно да имаме вкусен исцеден сок:

Во деновите во кои што сме мрзеливи нема потреба премногу да се оптоваруваме со цедењето. Треба да оставиме нашиот соковник со ладно цедење да ја заврши целата работа, а ние во него да ставиме неколку овошја и зеленчуци. На пр. може да ставиме еден морков, едно јаболко, еден домат и еден портокал. Со ова ќе добиеме здрав сок кој што ќе нè освежи и ќе ни ја даде потребната енергија.         

3 чекор: Колку повеќе се зелени зеленчуците, толку во нив имаат поздрави состојки. Не треба да ја забораваме базата која што ни е составена од морков и зелено јаболко. Потоа треба да додадеме што можеме позелени растенија како: броколи, зелка, целер, кељ и спанаќ. На крај можеме да додадеме и еден лимон со цел да добиеме здрав сок со голема нутритивна вредност.

se-sto-treba-da-znaeme-za-pravenjeto-sok-doma-3.jpg

4 чекор: Откако сме ги поминале претходните чекори треба да започнеме да експериментираме со други овошја и зеленчици. Користете сезонско овошје и зеленчук и уживајте во секојдневните предности кои што ги нудат домашните сокови.

se-sto-treba-da-znaeme-za-pravenjeto-sok-doma-4.jpg

5 чекор: Треба да започнеме наизменично да ги менуваме намирниците со кои што правиме сок. Најважно е да не заборавиме дека соковите ни нудат: Есенцијални аминокиселини, витамини, минерали, ензими, јаглехидрати, растителни влакна, вода...

6 чекор: Пијте го сокот веднаш. Со добра опрема каква што има Philips соковникот со ладно цедење, подготовката на овошјето, зеленчукот, како и јаткастите плодови нема да ни одземе повеќе од 5 минути во денот. Не смееме да заборавиме дека доколку сокот е густ, треба секогаш да додаваме вода. Доколку решиме сокот да го носиме со нас на работа тогаш истиот треба да го заштитиме од сончева светлина и да не го чуваме повеќе од 24 часа.

Откако еднаш ќе започнете дома да приготвуваме сок, никогаш повеќе нема да се вратиме на соковите од продавница.

se-sto-treba-da-znaeme-za-pravenjeto-sok-doma-5_copy.jpg

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg