Што е ретроградна менструација и зошто може да предизвика ендометриоза?
Ретроградната менструација претставува враќање на менструалната крв кон јајцеводите и карличните органи. Главно е безопасна и не предизвикува ни симптоми, но се верува дека некогаш може да биде причина за ендометриоза.
Таканаречената ретроградна менструација претставува „враќање“ на менструалната крв.
За време на менструација, менструалната крв истекнува од вагината.
Кога има ретроградна менструација, менструалната крв се движи нагоре, односно низ јајцеводите и кон абдоменот.
Иако оваа појава е честа и обично не предизвикува проблеми, се претпоставува дека е можна причина за појава на ендометриоза.
Односно, жените кои почесто имаат ретроградна менструација, можно е да се изложени на поголем ризик од ендометриоза.
Кај кого се јавува ретроградна менструација и дали има и вагинално крвавење?
Ако имате менструација, можно е да имате и ретроградна менструација.
Дури и во случај на ретроградна менструација, ќе забележите вагинално крвавење.
Но, дел од менструалната крв нема да се движи низ вагината, туку ќе се движи нагоре.
Кои се симптомите и причините за ретроградна менструација?
Обично нема симптоми за ретроградна менструација, но некои жени забележале поизразена болка.
Некогаш менструацијата може да биде послаба од вообичаено бидејќи дел од крвта не протекува низ вагината.
Засега експертите немаат објаснување за причината за оваа појава.
Сепак, во некои случаи можно е да станува збор за генетика или помал отвор на грлото на матката.
Зошто ретроградната менструација предизвикува ендометриоза?
Не значи дека сигурно ќе добиете ендометриоза ако имате ретроградна менструација.
Сепак, истражувањата покажале дека жените кои имаат ендометриоза обично почесто имаат ретроградна менструација.
Кога менструалната крв ќе се придвижи кон јајцеводите и карлицата, дел од неа може да остане таму.
Ако телото не ги „исчисти“ остатоците, со текот на времето може да почне да се таложат на карличните органи и така да предизвикаат ендометриоза.
Како се дијагностицира ретроградната менструација и има ли третман?
Бидејќи не покажува симптоми, ретроградната менструација обично се детектира кога се прави тест за некоја друг состојба.
На пример, можеби чувствувате симптоми на ендометриоза, па за време на тој тест, гинекологот да утврди дека имате и ретроградна менструација.
Како што веќе нагласивме, во повеќето случаи, ретроградната менструација е безопасна и нема потреба од третман.
Но, во случај да чувствувате симптоми како болка или да сте развиле ендометриоза, тогаш гинекологот може да ви предложи третман соодветен на вашиот случај.
Кога треба да одите на лекар?
Ако имате какви било симптоми кои ве загрижуваат, секогаш консултирајте се со гинеколог.
Одете на лекар ако забележите:
- Промена во количеството менструална крв
- Симптоми кои се невообичаени за вас, како многу силна менструална болка
- Вртоглавица
- Повраќање
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





