Хронична вагинална болка – што треба да знаете за вулводинија и кога да се консултирате со лекар?
Хроничната вагинална болка се нарекува вулводинија и иако не е позната точната причина за нејзината појава, не треба да ја криете од вашиот гинеколог.
Повремено, секоја жена ќе почувствува вагинална болка или некаква непријатност во оваа област.
Некогаш по секс, некогаш за време на менструација, некогаш поради неудобна долна облека... Во ваквите случаи, најчесто болката ќе помине сама од себе.
Но, доколу болката трае неколку денови, па и недели, ви се чини дека се засилува, а забележувате и некои други симптоми, не треба да ја игнорирате.
Болката што трае може да биде причинета од нешто посериозно, како инфекција, сексуално пренослива болест, но и некоја хронична состојба.
Хроничната вагинална болка е позната како вулводинија.
Што е вулводинија и што ја предизвикува?
Според Mayo Clinic, вулводинија е хронична болка или непријатност околу отворот на вагината (вулвата) за која нема конкретна причина и трае најмалку три месеци.
Некогаш болката може да биде толку интензивна, што сексот, но и само седењето се невозможни за жената.
Ова е состојба која уште се проучува и не е познато што точно ја предизвикува.
Сепак, експертите имаат неколку претпоставки кои вклучуваат повреда или иритација, хормонални промени и слично.
Поради ова, важно е да се консултирате со лекар доколку чувствувате каква било непријатност или болка, а не да пробувате да се лекувате сами.
Кои се симптоми на вулводинија?
Чувство на печење во областа на вагината
Постојаното печење е еден од симптомите кои ги имаат забележан жените со вулводинија.
Интензитетот може да варира.
Поголема чувствителност и болка
Друг симптом кој го забележале повеќе жени е зголемена чувствителност во областа на вагината.
Овде е и речиси постојана болка која е главниот симптом.
Чешање
Чешањето може да биде предизвикано од разни фактори, како габична инфекција, но може да биде и знак за вулводинија.
Оток или иритација
Обично вулводинијата нема видливи симптоми, но во некои случаи може да забележите мал оток или црвенило на вулвата.
Кога да се обратите на гинеколог?
Никогаш немојте да криете од вашиот гинеколог ако чувствувате вагинална болка.
Иако во повеќето случаи повремената болка не е знак за нешто сериозно, не оставајте ништо на случајноста и бидете искрени со вашиот лекар.
Само тој може точно да утврди дали се соочувате со проблем и да ви помогне да го надминете.
Спирова С. | Црнобело