Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто ви се јавува остра болка од страната на стомакот кога вежбате (и како да ја спречите)?

Постојат неколку теории за појавата на оваа болка – од мала физичка кондиција, до проблеми со дијафрагмата. А, за да ја спречите, препорачливо е да избегнувате мрсна храна и засладени пијалаци пред вежбање.

zoshto-vi-se-javuva-ostra-bolka-od-stranata-na-stomakot-koga-vezhbate-i-kako-da-ja-sprechite-01.jpg

Веројатно нема личност која не ја почувствувала острата болка под реброто која некогаш се јавува при трчање или понапорен тренинг.

Ова може да им се случи и на луѓе кои имаат добра кондиција, а некогаш болката е толку интензивна, што се чини дека го попречува и дишењето.

Иако болката не е знак за никаков сериозен проблем, сепак е непријатна и може да ви го расипе целиот тренинг.

Па, зошто се јавува оваа болка, но и дали можете да ја спречите?

Кога и зошто се јавува болката?

Интересно е што иако ова појава е честа, експертите не се потполно сигурни што ја предизвикува.

Но, постојат неколку теории кои (можеби) ја објаснуваат.

Со децении, научниците и спортските лекари верувале дека болката е предизвикана од недоволен доток на крв во дијафрагмата.

Дијафрагмата се наоѓа веднаш под ребрата, а кога не добива доволно крв, може да се згрчи и да предизвика болка.

Оваа теорија се прославила во 1940-тите, но најверојатно не е точна.

zoshto-vi-se-javuva-ostra-bolka-od-stranata-na-stomakot-koga-vezhbate-i-kako-da-ja-sprechite-05.jpg

Експертите велат дека кога вежбаме, дотокот на крв до дијафрагмата се зголемува. Што значи, мала е веројатноста дека болката е поради недоволно крв.

Друга популарна теорија е дека болката е поради мала физичка кондиција.

Односно, ако не сте вежбале долго време, и одеднаш почнете со интензивен тренинг, се создава напор на органите во областа на стомакот, па се јавува болка.

Сепак, проблемот со оваа теорија е тоа што болката им се јавува дури и на професионални спортисти.

Постојат и други претпоставки – дека болката е предизвикана од намален доток на крв во цревата за време на вежбање, или дека е поради компресија на нервите.

zoshto-vi-se-javuva-ostra-bolka-od-stranata-na-stomakot-koga-vezhbate-i-kako-da-ja-sprechite-02.jpg

Според теоријата која денес е најшироко прифатена, главниот виновник за болката е мембрана позната како перитонеум.

Оваа мембрана, или обвивка, служи како заштита за органите во стомакот и има два слоја.

Според истражување од 2000 година, за време на интензивен тренинг, двата слоја на мембраната се тријат еден од друг и со тоа предизвикуваат иритација.

Оваа теорија е поткрепена и од фактот дека болката почесто се јавува ако сте јаделе или пиеле пред да вежбате.

Ако стомакот ви е полн, создава дополнителен притисок на мембраната, па го зголемува ризикот од болка.

zoshto-vi-se-javuva-ostra-bolka-od-stranata-na-stomakot-koga-vezhbate-i-kako-da-ja-sprechite-04.jpg

Дали можете да ја спречите болката?

Веќе спомнавме дека болката е поверојатно да се појави ако јадете или пиете пред вежбање.

Истражување од 2004-та, пак, покажало дека овошните сокови и пијалаците со многу шеќер значително ги зголемуваат ризикот од појава на болката.

Што значи, за да ја избегнете болката, избегнувајте да јадете веднаш пред вежбање.

Препорачливо е да поминат 60-тина минути од оброкот пред да почнете со вежбање.

Исто така, оброкот пред вежбање нека биде помал и со помалку масти или хранливи влакна.

Доколку јадете храна со повеќе масти или хранливи влакна, тогаш почекајте барем 90 минути пред да почнете со вежбање.

zoshto-vi-se-javuva-ostra-bolka-od-stranata-na-stomakot-koga-vezhbate-i-kako-da-ja-sprechite-03.jpg

Кога треба да одите на лекар?

Веќе спомнавме дека болката не е знак за ништо сериозно.

Но, важно е и да можете да препознаете дали станува збор за оваа болка.

Ако ја чувствувате болката на едната страна од стомакот додека вежбате и ако се намалува и целосно прекинува кога ќе престанете со вежбање, тогаш не мора да се грижите.

Но, ако интензитетот на болката не се намалува или болката не престанува целосно, дури и по одмор, тогаш одете на лекар.

Исто така, консултирајте се со експерт и ако покрај стомакот, чувствувате и болка во градите или друг дел од телото.

Во тој случај, можно е да станува збор за некаков здравствен проблем.

zoshto-vi-se-javuva-ostra-bolka-od-stranata-na-stomakot-koga-vezhbate-i-kako-da-ja-sprechite-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 причини за болка во градите кои не се ПМС Покрај хормоналните промени за време на ПМС, и други фактори можат да предизвика...
„По 20 години болни менструации од кои губев свест, ми дијагностицираа ендометриоза“ Млада Британка две децении имала обилни и толку болни менструации, што некогаш г...
Работи што ортопедите никогаш не би ги направиле (а не треба ни вие) Трчање со несоодветни патики, одење боси низ хотелска соба – со кои грешки си го...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Проблеми со стомакот кои можат да бидат знак за некое заболување Силната и нагла болка во долниот десен дел од стомакот може да биде знак за восп...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg