Три симптоми за време на менструација кои не треба да ги игнорирате, според докторка
„Ако имате вртоглавица за време на менструација, можно е да губите многу крв и не би требало да ја игнорирате“, вели докторка од Англија која споделува три симптоми на менструација за кои секогаш е добро да се консултирате со лекар.
Симптомите кои доаѓаат со менструацијата можат да варираат и да се разликуваат кај секоја жена.
Некои чувствуваат посилна болка, а за некои менструацијата може да биде безболна. Некои имаат зголемена желба за храна, а некои се соочуваат со намален апетит.
И, секоја жена си го познава своето тело и знае точно кои симптоми може да ги очекува.
Сепак, некои симптоми, иако можеби ги чувствувате со секоја менструација, може да бидат знак за некаков проблем и не би требало да ги игнорирате.
Раџ Арора е докторка од Англија чија специјализација е во фокус на женското здравје.
Таа редовно споделува совети за жени на нејзиниот ТикТок профил кој го следат 100.000 корисници.
Во видео од јуни годинава, кое стана вирално и веќе има над шест милиони прегледи, таа зборува за симптоми за време на менструација кои не би требало да се игнорираат.
„Ако имате остра, силна болка во областа на анусот за време на менструација, не треба да ја игнорирате. Ова може да биде знак или симптом за ендометриоза. Мора да одите и да разговарате со вашиот лекар.
Потоа, ако губите свест, се онесвестувате додека имате менструација, особено е важно да не го игнорирате ова. Дури и ако чувствувате само вртоглавица или ви се чини дека ќе изгубите свест, многу е важно да одите на лекар.
Можно е да имате многу обилни менструации, да губите многу повеќе крв отколку што е нормално и поради тоа да ви треба лекување.
Ако имате менструации кои толку ве истоштуваат што не можете да станете од кревет, да одите на работа, да одите на училишните и да не можете да ги извршувате секојдневните обврски, ова не е нормално.
Ве молам одете на лекар и откријте зошто ги имате тие симптоми.
Дали е ендометриоза? Дали е нешто друго? Зошто имате менструации кои целосно ве истоштуваат?
Како доктор, редовно им кажувам на моите пациентки дека менструациите се нормален дел од животот и дека треба да бидат генерално безболни и лесно да се справите со нив.
Ако страдате од ужасни менструации или менструациите не ви дозволуваат да си го живеете животот, или имате менструации кои ве тераат да мислите дека нешто не е во ред, мора да се консултирате со лекар.
Не треба да се измачувате“.
Погледнете го видеото:
@drrajarora 3 period symptoms that are not normal and you should never ignore #period #periodsymtopms #periodpain #endometriosis #periodhelp #periods #periodtalk #gp #drarora #foryou #fyp
♬ original sound - Dr Raj Arora
Спирова С. | Црнобело