Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Туширање со жешка вода и уште 5 работи што ја влошуваат егземата

Жешката вода ги отстранува природните масла на кожата и ја прави посклона кон сушење и иритација. А, ова може да ги влоши симптомите на егзема.

tushiranje-so-zheshka-voda-i-ushte-5-raboti-shto-ja-vloshuvaat-egzemata-01.jpg

Егземата е заболување поради кое кожата станува многу сува, а може да се појави и интензивно чешање.

Не постои лек за егзема, но доколку страдате од заболувањето, важно е да знаете дека одредени работи можат да ги влошат симптомите.

Сувоста, црвенилото и чешањето од егзема не се постојано присутни, но може да се појават ако стапите во контакт со таканаречени тригери.

Добро е да бидете свесни за овие тригери, за максимално да го избегнете појавувањето на симптомите.

Дел од најчестите во продолжение:

Туширање со жешка вода

Жешката вода ги отстранува природните масла на кожата, со што ја прави сува и посклона кон иритација.

Исто така, многу честото туширање со жешка вода, со текот на времето може да ја уништи природната заштита на кожата.

Сето ова може да ги влоши симптомите на егзема.

Затоа, најдобро е да се туширате со млака вода, не подолго од 15 минути.

Детергенти, сапуни и продукти со мириси

Иако нема ништо поубаво од свежо испрана облека со пријатен мирис, во некои случаи детергентите со силен мирис може да ја иритираат кожата склона кон егзема.

Истото важи и за сите продукти што имаат контакт со кожата, како сапуни, шампони, лосиони…

Најдобро е да користите хипоалергени детергенти за облека, а ако забележите дека ви предизвикуваат иритација, сменете го продуктот.

Продуктите за кожа потрудете се да бидат без парфеми или алкохол, и да бидат наменети за чувствителна кожа.

tushiranje-so-zheshka-voda-i-ushte-5-raboti-shto-ja-vloshuvaat-egzemata-02.jpg

Не користите лосион за тело

Кожата склона кон егзема и онака е сува, па ако не ја хидрирате, можете да си ги влошите симптомите.

Важно е редовно да нанесувате лосион за тело, погоден за вашиот тип кожа.

За премногу сува кожа можете да користите и масло за тело.

Студено и суво време

Ова е фактор против кој не можете да направите многу, но добро е да бидете свесни.

Симптомите на егзема обично се влошуваат кога времето е студено и суво.

Затоа, во зимските месеци е препорачливо уште почесто да ја хидрирате кожата.

Во домот добро е да имате и навлажнувач за воздух бидејќи грејните тела, како клима, многу го сушат.

tushiranje-so-zheshka-voda-i-ushte-5-raboti-shto-ja-vloshuvaat-egzemata-03.jpg

Стрес

Стресот го зголемува нивото на кортизол, што, пак, кај многу луѓе ги влошува симптомите на егзема.

Можеби и самите имате забележано дека егземата ви е влошена кога сте изложени на многу стрес.

Пробајте да го регулирате стресот со вежби за дишење, медитација, јога…

Одредена храна

Прво треба да се нагласи дека храната не може да предизвика егзема.

Но, ако сте почувствителни на одредена храна, може да ви ги влоши симптомите.

Овде обично спаѓаат намирници како млеко, јајца, храна со глутен…

Ако забележите влошување на симптомите откако ќе изедете одредена храна, пробајте да ја избегнувате.

Од друга страна, храната богата со омега 3 киселини може да ви биде од помош.

tushiranje-so-zheshka-voda-i-ushte-5-raboti-shto-ja-vloshuvaat-egzemata-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Храна што го хидрира телото (и треба да ја јадете почесто) Кога ќе се спомене хидрирање на телото најчесто помислуваме на пиење вода. Но, о...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg