8 совети што ќе ви помогнат да се заштитите во сезоната на настинки и грип

Секојдневно бришете ги површините што ги допирате често, како брави и далечински управувачи, а ако сте во ризична група, разговарајте со матичниот и за вакцина.

8-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-vo-sezonata-na-nastinki-i-grip-01.jpg

Со есента и постуденото време, доаѓа и сезоната на настинки и грип.

Бидејќи овој период поретко проветруваме, а и минуваме повеќе време на затворено, ризикот да се заразиме од вирус на настинка или грип е значително поголем.

Во продолжение, неколку совети што ќе ви помогнат да се заштитите:

Вакцинирајте се

Вакцинирањето против грип не е задолжително, но ако сте во ризична група сепак е препорачливо.

Односно, ако поради проблеми со здравјето постои ризик да ви се јават компликации од грип, консултирајте се со вашиот матичен за вакцинација.

Во ризична група спаѓаат луѓе со хронични заболувања на белите дробови, како астма, луѓе со дијабетес, луѓе со ХИВ…

На поглем ризик од зараза се изложени луѓето кои работат во здравствени установи, но и оние кои се во згрижувачки дом за стари лица, градинки и слично.

8-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-vo-sezonata-na-nastinki-i-grip-02.JPG

Редовно мијте ги рацете

Ова е најефикасниот начин да се заштитите.

Пo секое излегување темелно мијте ги рацете, како што правевме за време на пандемијата.

Ако сте излезени подолг период, препорачливо е да користите и средство за дезинфекција на раце, особено ако сте биле во јавен превоз, болница и слично.

Редовно мијте се раце и пред секој оброк, но и пред да ја подготвите храната за да го спречите ширењето на вирусите.

8-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-vo-sezonata-na-nastinki-i-grip-03.JPG

Пијте многу вода

Кога телото е хидрирано, тогаш полесно се справува со болестите.

А, дури и ако сте се разболеле, пијте многу вода за да спречите дехидратација.

8-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-vo-sezonata-na-nastinki-i-grip-04.JPG

Зајакнете го имунитетот

Зајакнете го имунитетот со природни сокови, па и додатоци со суплементи ако има потреба.

Кoга станува збор за вашите деца, секогаш консултирајте се со лекар пред да им дадете суплементи во витамини.

Со силен имунитет, нема да чувствувате сериозни симптоми, дури и ако имате настинка или грип.

8-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-vo-sezonata-na-nastinki-i-grip-05.jpg

Хранете се здраво

И исхраната има влијание врз имунитетот.

Внесувајте доволно протеини кои се клучни за создавањето бели крвни зрнца.

Исто така внесувајте храна со антиоксиданти, како и храна со пробиотици која може да биде да ги намали симптомите на стомачните вируси.

8-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-vo-sezonata-na-nastinki-i-grip-06.jpg

Не заборавајте да се релаксирате

Стресот докажано има влијание врз имунитетот и здравјето воопшто.

Па, не заборавајте по напорниот ден на работа да се релаксирате барем половина час.

8-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-vo-sezonata-na-nastinki-i-grip-07.jpg

Спијте доволно

И сонот е неопходен за добро здравје, па осигурете се дека спиете барем седум часа секоја вечер.

Децата, пак, имаат потреба и од повеќе сон – на школска возраст, и до десет часа.

8-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-vo-sezonata-na-nastinki-i-grip-08.JPG

Редовно чистете го домот

Не е доволно само да ги миете рацете по излегување – неопходно е и редовно да го чистите домот.

Површините што ги допирате секојдневно, како маси, брави, далечински управувачи и слично е препорачливо да ги пребришувате секој ден.

8-soveti-shto-kje-vi-pomognat-da-se-zashtitite-vo-sezonata-na-nastinki-i-grip-09.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како се пренесува птичјиот грип и колку е опасен за луѓето? Птичјиот грип е болест која е присутна кај птиците, но може да се пренесе и на л...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg