Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Онколошки нутриционист појаснува: „Која храна заболените од рак треба да ја избегнуваат (и зошто)?“

Постои ли храна што може да ви го зголеми ризикот од рак, или пак да предизвика враќање на болеста? Според онколошкиот нутриционист Никол Ендрјуз, треба да избегнувате неколку клучни производи.

onkoloshki-nutricionist-pojasnuva-koja-hrana-zabolenite-od-rak-treba-da-ja-izbegnuvaat-i-zoshto-01.jpg

Никол Ендрјуз е онколошки нутриционист, која прави план за исхрана на пациенти заболени од рак. Таа објавила и книга посветена на оваа тематика, а на своите профили на социјалните мрежи често споделува совети за нејзините следбеници.

onkoloshki-nutricionist-pojasnuva-koja-hrana-zabolenite-od-rak-treba-da-ja-izbegnuvaat-i-zoshto-02_copy.jpg

Така во едно од своите видеа, таа појасни кои 7 прехранбени продукти избегнува да ги консумира и не им ги препорачува на своите пациенти.

Во продолжение прочитајте зошто:

Алкохол

„Не пијам алкохол. Никаков вид, па дури ни црвено вино. Алкохолот го зголемува ризикот од развој на 6 типа различни видови рак“ – вели таа.

Појаснувањето е дека алкохолот во телото се претвора во ацеталдехид, кој ја нарушува стуктурата на ДНК и може да ја наруши моќта на телото да се регенерира. Секако не мора целосно да апситинирате, но колку повеќе конзумирате алкохол, толку е поголем ризикот.

onkoloshki-nutricionist-pojasnuva-koja-hrana-zabolenite-od-rak-treba-da-ja-izbegnuvaat-i-zoshto-03.jpg

Процесирано месо

Таа вели дека избегнува да консумира сувомеснати производи и виршли, а наместо нив избира да јаде колбаси од живо месо.

Се верува дека луѓето што консумираат многу сувомеснати (процесирани) производи имаат до 23% поголем ризик да заболат од канцер или да им се врати болеста, заради присуството на нитрати, кои ги оштетуваат ќелиите во телото.

onkoloshki-nutricionist-pojasnuva-koja-hrana-zabolenite-od-rak-treba-da-ja-izbegnuvaat-i-zoshto-05.jpg

Газирани пијалаци

„Не нарачувам зашеќерени ппијалаци кога јадам надвор. НАместо тоа нарачувам вода, или чај без шеќер.

Затоа што зголеменото масно ткиво на телото, го зголемува ризикот од 13 вида типови на рак“ – вели таа.

onkoloshki-nutricionist-pojasnuva-koja-hrana-zabolenite-od-rak-treba-da-ja-izbegnuvaat-i-zoshto-08.jpg

Црвено месо

Консумацијата на црвено месо исто така треба да биде ограничена и да не биде поголема од 500g неделно, за да се избегне ризикот од појава на рак на дебелото црево.

„Вообичаено јадам црвено месо само еднаш неделно или не јадам воопшто.

Во домот најчесто приготвувам пилешко и мисиркино месо, риба и морски плодови“ – појаснува таа.

onkoloshki-nutricionist-pojasnuva-koja-hrana-zabolenite-od-rak-treba-da-ja-izbegnuvaat-i-zoshto-07.jpg

Кафе

Кафето е здраво, но ако се консумира во умерени количини. Но, проблемот настанува кога кафето што го пиете повеќе наликува на десерт.

Според неа најдобро е кафето да се пие без шеќер и разводнето.

onkoloshki-nutricionist-pojasnuva-koja-hrana-zabolenite-od-rak-treba-da-ja-izbegnuvaat-i-zoshto-10_copy.jpg

Бело тесто

„Секогаш бирам теста од цело зрно. Тоа помага да се намали ризикот од рак на дебелото црево и од рак на дојката, а ќе внесете повеќе влакна и хранливи материи затоа што не се премногу обработени“ – вели нутриционистката.

onkoloshki-nutricionist-pojasnuva-koja-hrana-zabolenite-od-rak-treba-da-ja-izbegnuvaat-i-zoshto-09.jpg

Растителни млека

Иако во последно време се многу популарни, Ендрјуз вели дека избегнува растителни млека, туку консумира само полномаслено кравјо млеко.

Таа вели дека калциумот во него е најдобар за заштита од некои видови рак.

onkoloshki-nutricionist-pojasnuva-koja-hrana-zabolenite-od-rak-treba-da-ja-izbegnuvaat-i-zoshto-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
Работи што ортопедите никогаш не би ги направиле (а не треба ни вие) Трчање со несоодветни патики, одење боси низ хотелска соба – со кои грешки си го...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg