Причини за неплодност кај мажите + може ли да се спречи?
Кога станува збор за неплодност, најчесто проблемот се бара кај жената. Но, и машката неплодност е доста застапена и е проблем што не треба да се игнорира.
Се проценува дека 15% од сите парови имаат проблеми да забременат.
Некогаш причината е проблем со здравјето на жената, но доста често мажот е тој кој има проблеми со неплодност, иако можеби поретко се зборува за ова.
Машката неплодност може да се должи на различни причини, од хормонални проблеми, до начин на живот.
Во многу случаи, машките проблеми со плодноста се поради на нискиот број сперматозоиди, слабиот квалитет на спермата или и двете. Возраста исто така е фактор кој може да доведе до машка неплодност.
Кои се најчестите причини за машка неплодност?
Медицински причини
Варикоцела. Ова е проширување на вените во скротумот и може да предизвика намалување на бројот на сперматозоиди.
Тумори. Растот на туморите во тестисите може да влијае на машката плодност, бидејќи го попречува производството на сперма.
Неспуштени тестиси. Спуштените тестиси имаат пониска температура од телото. Неспуштените тестиси, поради повисоката температура, можат да го намалат бројот на сперматозоиди.
Влијание на околината и начин на живот
Зрачење. Зрачењето може да ја намали способноста на тестисите да произведуваат сперма или да ја оштети структурата на спермата. На пример, зрачењето како терапија за рак може да со неплодност.
Индустриски хемикалии. Истражувањата покажале дека хемикалиите, како оловото, ја намалуваат плодноста кај мажите. Други токсични хемикалии, како фунгициди, инсектициди и пестициди, исто така се познати дека ја попречуваат машката плодност.
Алкохол. Претераното пиење алкохол може да ги намали шансите за успешно зачнување.
Пушење. Тутунот може да го намали квалитетот на спермата.
Стрес. Големиот стрес може да има негативно влијание врз способноста на тестисите да произведат сперма.
Симптоми на машка неплодност
Иако нема очигледни физички знаци на машка неплодност, некои од следниве симптоми може да укажуваат на тоа:
- Проблеми со ерекција
- Отекување на тестисите
- Намален раст на влакна на лицето или други делови од телото
- Намалена сексуална активност
- Тестиси кои се тврди и имаат грутки
- Големи и искривени вени на скротумот
- Тапа болка во тестисите
Може ли да се намали ризикот од машка неплодност?
Некогаш проблемите со плодноста се надвор од ваша контрола.
Сепак, можете да преземете некои мерки за да го намалите ризикот:
- Избегнувајте тесна долна облека
- Избегнувајте туширање со жешка вода
- Избегнувајте прекумерно консумирање алкохол
- Зголемете го внесот на цинк и фолна киселина
- Регулирајте ја тежината, бидејќи дебелината влијае на квалитетот на спермата
М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com