12 причини зошто менструацијата ви трае подолго од вообичаено

Високото ниво на стрес, значителните промени во тежината и многу интензивното вежбање може да го нарушат хормоналниот баланс во телото. Ова може да доведе до продолжено менструално крвавење.

12-prichini-zoshto-menstruacijata-mozhe-da-vi-trae-podolgo-od-voobichaeno-02-01.jpg

Менструацијата е природен и важен дел од репродуктивниот систем на жената. Менструалниот циклус обично трае помеѓу 3 и 7 дена, иако понекогаш може да варира.

Менструалните циклуси може да бидат подолги или пократки од нормалните.

Но, ако го надминете седмиот ден, може да се запрашате зошто менструацијата не прекинува. Долгите менструални циклуси може да имаат врска со некои здравствени состојби.

Причини зошто менструалниот циклус може да ви трае подолго од вообичаено:

Хормонална нерамнотежа

Менструалниот циклус е регулиран со два главни хормони - естроген и прогестерон - кои треба да бидат во рамнотежа за менструалниот циклус да функционира правилно.

Кога хормоните се надвор од рамнотежа, внатрешниот слој на матката може да стане премногу густ, што резултира со пообилни и подолги циклуси.

Синдром на полицистични јајници

Синдромот на полицистични јајници е нарушување каде што јајниците произведуваат повисоки нивоа на андрогени (машки хормони).

Кога тоа ќе се случи, може да ја спречи редовната овулација, предизвикувајќи ендометриумот (внатрешната обвивка на матката) да продолжи да расте и да резултира со продолжени или нередовни менструации.

12-prichini-zoshto-menstruacijata-mozhe-da-vi-trae-podolgo-od-voobichaeno-02_copy.jpg

Фиброиди на матката

Фиброидите се израстоци во матката, но не се канцерогени. Тие можат да ја зголемат површината на слузницата на матката, што доведува до подолго менструално крвавење.

Самите фиброиди исто така може да предизвикаат зголемен проток на крв.

Ендометриоза

Ова е здравствена состојба каде ткивото кое обично ја покрива внатрешноста на матката, расте надвор од неа.

Ова ткиво реагира на хормонални промени и крвави за време на менструацијата, што доведува до подолги менструации и значителна болка.

12-prichini-zoshto-menstruacijata-mozhe-da-vi-trae-podolgo-od-voobichaeno-03.jpg

Воспалителна болест на карлицата

Воспалителната болест на карлицата (pelvic inflammatory disease – PID) е инфекција на репродуктивните органи.

Всушност, оваа болест може да ја попречи нормалната функција на матката, што доведува до неправилно и продолжено менструално крвавење.

Интраутерински уред

Некои видови интраутерини помагала, особено бакарните спирали, првично може да предизвикаат пообилни и подолги менструации.

Ова е обично несакан ефект во текот на првите неколку месеци по вметнувањето, бидејќи телото сè уште се приспособува.

12-prichini-zoshto-menstruacijata-mozhe-da-vi-trae-podolgo-od-voobichaeno-04.jpg

Нарушувања на тироидната жлезда

И хипотироидизмот и хипертироидизмот може да ги нарушат менструалните циклуси. Тироидните хормони регулираат многу функции на телото, вклучувајќи го и менструалниот циклус.

Нерамнотежата може да доведе до неправилности, вклучувајќи и подолги менструации.

Нарушување на згрутчувањето на крвта

Нарушувањето на способноста на крвта правилно да се згрутчува, може да доведе до пообилно менструално крвавење кое трае подолго од вообичаеното.

12-prichini-zoshto-menstruacijata-mozhe-da-vi-trae-podolgo-od-voobichaeno-05_copy.jpg

Одредени лекови

Одредени лекови, како што се антикоагулансите, хормонални терапии и некои антиинфламаторни лекови, може да го попречат нормалното згрутчување на крвта или да предизвикаат хормоналната рамнотежа, а тоа може да резултира со продолжено менструално крвавење.

Спонтан абортус

За време на спонтаниот абортус, телото го отфрла ткивото, па тоа може да потрае и да доведе до продолжено крвавење.

12-prichini-zoshto-menstruacijata-mozhe-da-vi-trae-podolgo-od-voobichaeno-06.jpg

Стресот и начинот на живот

Високото ниво на стрес, значителните промени во тежината и премногу вежбање може да го нарушат хормоналниот баланс во телото.

Ова може да доведе до продолжено менструално крвавење.

Хронични состојби

Хроничните болести, како што е дијабетесот и болестите на црниот дроб или бубрезите, може да влијаат на целокупното здравје на телото, вклучувајќи го и менструалниот циклус.

Овие состојби може да доведат до хормонална нерамнотежа и да влијаат на времетраењето на менструацијата.

Доколку сте загрижени за времетраењето на вашата менструација, немојте сами да си поставувате дијагнози, туку консултирајте се со лекар.

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
5 знаци дека имате здрав менструален циклус (и кога треба да одите на гинеколог) Редовните менструации главно се знак дека хормоните ви се синхронизирани. Што др...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Слабо менструално крвавење: Кои се најчестите причини и дали е знак за проблем? Психолошкиот стрес може да влијае на делот од мозокот кој е одговорен за регулир...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg