Што ќе се случи со вашето тело ако секој ден јадете по 3 урми?

Го намалуваат лошиот холестерол, помагаат за полесно породување кај бремените жени. Во што сѐ може да ви помогне редовната консумација на урми и како може да ги јадете доколку не ви се допаѓа нивниот вкус?

urmi-zdravo-ovosje-01.jpg

Урмите е најдобро да ги јадете наутро, бидејќи се извор на енергија.

За нив се вели дека се најздравото овошје кое помага за многу болести.

Содржат влакна, магнезиум и бакар.

Урмите обезбедуваат антиоксиданти, влакна и бројни хранливи материи.

Тие содржат калиум, еден од најважните минерали присутен во човечкото тело. Го регулира балансот на течности, мускулните контракции и нервните сигнали.

Кога нивото на калиум е ниско, главните функции на телото се засегнати, што доведува до ниски нивоа на енергија, грчеви во мускулите и физички и ментален замор.

Урмите во себе содржат ниско ниво на шеќер па поради тоа се препорачуваат и во секоја диета и не предизвикуваат нагло покачување на шеќерот во крвта.

urmi-zdravo-ovosje-04.jpg

Се препорачуваат и за оние кои имаат покачен холестерол бидејќи токму овие здрави слатки плодови го намалуваат лошиот холестерол во организмот.

Многу експерти ги препорачуваат урмите и на оние кои имаат одреден вид на срцеви заболувања.

Урмите се најздрави доколку ги оставите една ноќ потопени во вода.

Наутро треба да ги исчистите од семките, а доколку не сакате да ги јадете сирови во тој случај сомелете ги во блендер заедно со вода.

Неколкупати дневно консумирајте една лажица од оваа смеса за зајакнување на имунитетот.

Освен што се богати со калиум, урмите го намалуваат крвниот притисок и го одржуваат здравјето на нервниот систем.

Овие слатки плодови се и одличен извор на железо. Се препорачува дневно да јадете околу 100 грама урми за подобрување на железото во крвта.

urmi-zdravo-ovosje-02.jpg

Тие се препорачуваат за бремените жени бидејќи се верува дека придонесуваат за брзи и безболни контракции (но само доколку е тоа потребно зависно ситуацијата и бременоста).

Урмите се исто така добар извор на витамини од групата Б.

Урмите спречуваат запек, надуеност и ја регулираат работата на цревата.

urmi-zdravo-ovosje-05.jpg

Исто така влијаат и против стареењето бидејќи делуваат против слободните радикали во телото.

Се препорачува да јадете барем по три урми секој ден доколку сакате да бидете здрави и енергични.

Напомена: Сепак, доколку се соочувате со некаков здравствен проблем, не ги гледајте урмите како лек и задолжително консултирајте се со доктор дали е препорачливо да ги консумирате, бидејќи зависно секоја состојба - може да делуваат позитивно, но и да имаат спротивен ефект. 

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg