Работи што треба да ги знаете за хемороидите, а за кои се срамите да прашате

Помалите хемороиди поминуваат сами од себе за неколку дена, а можат да се јават поради долго седење на тоалетната школка (обично со телефон, кога ќе се „заборавиме“од скролање).

raboti-shto-treba-da-gi-znaete-za-hemoroidite-a-za-koi-se-sramite-da-prashate-01.jpg

Хемороидите се мошне честа појава и кај мажите и кај жените, но на повеќето им е непријатно да зборуваат за нив.

Но, хемороидите можат да бидат навистина непријатни и важно е да не ги криете, барем од вашиот лекар.

10 работи што би требало да ги знаете за оваа појава:

Што се хемороиди?

Наједноставно кажано, хемороидите се потечени вени во областа на анусот.

Кога одите во тоалет, овие потечени вени се иритираат, па затоа може да се јави болка, а некогаш и крвавење.

raboti-shto-treba-da-gi-znaete-za-hemoroidite-a-za-koi-se-sramite-da-prashate-02.jpg

Што се внатрешни хемороиди?

Внатрешните хемороиди се наоѓаат во аналниот отвор и не се гледаат однадвор.

Тие можат да предизвикаат крвавење, но речиси и да не се чувствуваат бидејќи во овој дел од телото нема многу рецептори за болка.

raboti-shto-treba-da-gi-znaete-za-hemoroidite-a-za-koi-se-sramite-da-prashate-03.jpg

Што се надворешни хемороиди?

Како што кажува името, надворешните хемороиди се јавуваат надвор од аналниот отвор.

Ова се хемороидите кои предизвикуваат посилна болка, а исто како внатрешните, можат и да крвават.

Надворешните хемороиди се видливи.

raboti-shto-treba-da-gi-znaete-za-hemoroidite-a-za-koi-se-sramite-da-prashate-04.jpg

Зошто се појавуваат хемороидите?

Вените во областа на аналниот отвор можат да потечат кога се под притисок.

Оттука, најчестите причини за хемороиди се:

  • Напрегање за време на одење во тоалет
  • Долго седење на тоалетната школка
  • Хронична дијареја или констипација
  • Дебелина
  • Бременост
  • Анален секс
  • Лоша исхрана (консумирање малку хранливи влакна)
  • Често кревање тешки предмети

raboti-shto-treba-da-gi-znaete-za-hemoroidite-a-za-koi-se-sramite-da-prashate-05.jpg

Кои се симптомите?

Како што спомнавме погоре, внатрешните хемороиди обично не предизвикуваат болка, па можно е и да не ги забележите.

Сепак, може да се јави непријатност или мала болка кога одите во тоалет.

Надворешните хемороиди, од друга страна, предизвикуваат поизразени симптоми:

  • Чешање или иритација во областа на анусот
  • Болка
  • Отоци во областа на анусот
  • Крвавење

raboti-shto-treba-da-gi-znaete-za-hemoroidite-a-za-koi-se-sramite-da-prashate-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зошто се јавуваат тикови кај деца и кога има потреба од третман? Во најголем дел од случаите, тиковите не се штетни за в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg