Работи што треба да ги знаете за хемороидите, а за кои се срамите да прашате
Како изгледаат хемороидите?
Надворешните хемороиди најчесто изгледаат како мали розови испакнатини во областа на аналниот отвор.
Некогаш можат да имаат потемна боја поради крвта.
Ако се сомневате дека имате хемороиди, секогаш е добро да се консултирате со лекар.
Колку долго траат хемороидите?
Ова зависи од неколку фактори, како големината на хемороидите.
На пример, малите хемороиди може да поминат сами од себе за само неколку дена.
Поголемите можат да предизвикаат поинтензивна болка и да заздравуваат побавно. Во некои случаи, можат да бидат потребни и до два месеца.
Ако забележите дека имате хемороид кој не се повлекува по недела-две, најдобро е да одите на лекар.
Како се третираат?
Кога вашиот лекар ќе утврди дека имате хемороиди, најверојатно ќе ви препише лек како маст или крем за хемороиди.
Ако станува збор за поголем хемороид кој не се повлекува со лекови, можно е да бидете испратени на специјалист кој ќе го утврди понатамошниот третман.
Во многу мал број случај, потребна е операција за да се отстранат хемороидите.
Можете ли да ги третирате дома?
Доколку станува збор за помали хемороиди, можете да ги третирате и дома, секако, по консултација со лекар.
Можете да си направите топла купка која ќе ја ублажи иритацијата.
Исто така можете да користите и ладни облоги кои ќе ги намалат болката и отокот.
И гелот од алое вера може да биде од помош бидејќи се верува дека ја смирува кожата.
Можете ли да ја спречите појавата на хемороиди?
Постојат две правила кои можат значително да го намалат ризикот од појава на хемороиди – пијте многу вода и јадете храна богата со хранливи влакна.
Исто така, потрудете се да бидите физички активни, но не се напрегајте премногу со многу тешки тегови ако сте склони кон хемороиди.
И, најважно од сè – слушајте го вашето тело. Ако ви се оди во тоалет не се воздржувајте, а исто така немојте ни да се напрегате.
И, избегнувајте да седите долго на тоалетот (со телефонот во рака).
Спирова С. | Црнобело