Вие прашувате, психолог одговара: „Син ми (3) не сака да оди во градинка – постојано плаче“
На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт.
Прашањата за психолозите може да ни ги испраќате на нашиот мејл Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. – истите треба да бидат концизни и со кирилична поддршка.
Прашање од читател:
„Син ми има 3 години и никако не сака да оди во градинка. Постојано плаче, не престанува, никако не можеме да го адаптираме…“
Одговор од психолог, Катерина Крстевска Ристески:
Во овој период децата го истражуваат и запознаваат светот преку игра. Играта исто така е важна за развојот на фантазијата која ни помага да изнаоѓаме креативни решенија за проблемите со кои се соочуваме низ животот.
Направете го одењето во градинка како дел од таа игра. Смислете приказна која наликува на некоја авантура.
Вклучете ликови и предмети кои ги сака: омилена играчка, омилен карактер, активност која ја сака и со задоволство ја прави секојпат кога ќе го побарате тоа од него. Вклучете го развојот на приказната.
Поставете цели за тоа што треба да се случува тој ден и наградете го успешно остварување на нив. Поддржете го кога нема да ги исполни целите и потсетете го дека следниот ден има можност да го направи тоа.
Имајте на ум дека овие цели треба да бидат забавни за вашето дете и треба да сака да ги оствари.
Разговарајте со детето, прашајте го дали можеби се случило нешто поради кое не сака да оди во градинка, дали се случило нешто што не му се допаѓа или го вознемирило.
Консултирајте се со стручниот тим во градинка и побарајте нивна помош и поддршка во целиот процес.
Побарајте бесплатна консултација или закажете сесија со Катерина Крстевска Ристески, дипл. психолог ТУКА.
Разговарајте со лиценциран психолог и надминете ги предизвиците.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
фото: приватна архива / depositphotos.com