Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено?
Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да имате подобар сон.
Иако ви се чини дека ќе се смрзнете без пижами и дека спиењето без нив може да биде проблем и нема да се чувствувате пријатно, постојат повеќе причини и здравствени придобивки заради кои би требало уште вечерва да си легнете голи (или само со долна облека).
Погледнете кои се тие:
Спиењето голи може да ви помогне да заспиете побрзо
Кога немате облека за да ве загрее, телесната температура ќе опадне побрзо и ќе му прати сигнал на мозокот дека е време за одмор.
Температурата има огромно влијание врз квалитетот на сонот. Кога ви е многу топло, почнувате да се потите и затоа се будите често во текот на ноќта.
Спиењето голи може да ви помогне да ја преспиете цела ноќ без прекини.
Огромни придобивки за менталното здравје
Недостатокот на сон може да предизвика депресија, да направи да се чувствуваме под стрес и да бидеме анксиозни, и да влијае негативно врз нашето целокупно здравје.
Со оглед на тоа што спиењето без пижами може да го подобри квалитетот на сонот, тоа значи дека директно ќе влијае и врз подобрување на менталното здравје.
Спиењето голи може да ви помогне да се ослободите од масните наслаги
Постојат 2 вида масти во нашето тело: бели и кафеави. Белите масти се наталожуваат кога се прегреваме, најчесто во пределот на препоните, колковите и стомакот.
Додека, кафеавите масти помагаат да се обработат шеќерите и белите масти за да се креира енергија и да ни се затоплат телата.
Пониските температури го поттикнуваат производството на кафеавите масти, па ако сакате да ослабнете, добро би било да почнете да спиете без пижами.
Спиењето без пижами е одлично за репродуктивното здравје
Кај мажите што спијат без долна облека, бројот на сперматозоиди е за 25 отсто посконцентриран и имаат за 17 отсто повеќе сперматозоиди од оние што спијат во долна облека.
Се верува дека тесната долна облека кај мажите предизвикува прекумерно затоплување на интимните делови што придонесува за намалување на бројот на сперматозоиди.
Кај жените, тесната долна облека може да предизвика појава на габични инфекции, затоа што бактериите најбрзо се развиваат на топли и влажни средини. Спиењето без пижами и долна облека може да помогне да се спречи појавата на инфекции.
Ќе научите повеќе да го сакате сопственото тело
Кога спиеме голи имаме можност да обрнеме внимание на оние делови од сопственото тело што претходно сме ги занемарувале.
Затоа со текот на времето ќе научиме повеќе да ги сакаме сопствените мани и недостатоци.
Совети што треба да ги земете предвид ако спиете без пижами
Набавете постелнина од квалитетни и природни материјали (како памук и свила), а избегнувајте синтетички прекривки.
Исто така планирајте дека постелнината ќе треба да ја перете најмалку еднаш неделно.
Внимавајте на температурата во собата. Најдобра и идеална температура би била околу 13,3 степени Целзиусови и нема потреба премногу да ја затоплувате собата.
Не заборавајте да се истуширате пред да си легнете. Ова ќе ви помогне да ги затоплите рацете и нозете и да ја подобрите циркулацијата во телото, а постелнината подолго време ќе ви биде чиста.
Б. С. Б. | Црнобело