Една од почестите причини за посета на дерматовенеролог е сувата кожа. Бројни надворешни и внатрешни фактори доведуваат до намалена количина на вода и маснотии на површината на кожата, при што се нарушува нејзината функција. Доаѓа до уште поголема загуба на вода од кожата кон надворешната средина, а во обратна насока, во кожата полесно навлегуваат алергени и микроорганизми кои дополнително ја влошуваат состојбата и водат до поголема сувост и затегнатост, перутање, чешање, па дури и појава на црвенило, односно воспаление на одредени места. Сите овие промени, а особено постојаниот или периодичен јадеж, видно го вознемируваат пациентот!