Чешлање од корен, миење со жешка вода: Најлоши работи што може да ѝ ги направите на косата
Сите сакаат да имаат убава, силна и сјајна коса, која оддалеку ќе изгледа негувано.
Сепак, за да се постигне тоа, треба да се потрудите повеќе и континуирано да се грижите за неа, како и да избегнувате некои работи кои ја оштетуваат.
Многу често секојдневните навики кои девојките ги имаат се лоши за косата, па несвесно го спречуваат нејзиниот блескав изглед.
Дознајте кои се најлошите работи кои ѝ ги правите на косата и одвикнете се од нив:
Предолго чекате за да ја средите или шишате
Ако косата веќе го губи обликот и не може никако да ја средите, значи дека е време за фризер, па не го одложувајте.
Се фарбате сами
Освен ако не сте веќе искусни и знаете што правите, во друг случај, не експериментирајте сами со косата, бидејќи на крај секако може пак да завршите на фризер за да го среди хаосот кој сте го направиле од вашата коса, а тоа дополнително ја оштетува.
Ја чешлате косата додека е уште мокра
Со ова предизвикувате побрзо кршење, па затоа прво малку засушете ја со фен, а потоа исчешлајте ја и продолжете со сушењето и фенирањето.
Пречесто ја миете и користите жешка вода
Жлездите на скалпот лачат природни масла кои се значајни за здрава коса, а жешката вода може да ги отстрани и да ја направи косата сува. Истиот ефект се добива и со пречесто миење на косата.
Не ги чистите четките пред употреба
Кога на четката има влакна од коса, на неа завршува и многу мртва кожа што не може да ја видите, но е одлична средина за создавање бактерии. Бидете попедантни и секогаш чистете ја четката пред да се исчешлате.
Не користите регенератор или го користите наместо шампон
Шампонот и регенераторот се целосно различни производи и не може да се заменат еден со друг. Двете посебно имаат своја намена, која е добра за косата, па секогаш користете ги едно по друго.
Не ги менувате производите кога косата се менува
Има многу различни производи за коса, во зависност од тоа колку е тенка, кршлива, густа, волуменозна, дали е фарбана, оштетена итн. А, косата со тек на време знае да се промени, па следете го тоа и менувајте ги производите според неа.
Пречесто ја чешлате од корен
Ако ја чешлате косата од корен може само повеќе да ја заплеткате и да искубете повеќе влакна отколку што сте замислувате, а плус, со ова слабее и коренот и правите штета.
Секогаш почнувајте од врвот, а на крај фатете од коренот надоле.
Пречесто врзувате коњско опавче
Ако често ја стегате косата ризикувате да ја оштетите бидејќи ја тегнете од корен, па избегнувајте секојдневно прибирање на косата во стегнато опавче.
Премногу сонце
Ова важи за летните денови, кога на сите им доаѓа на памет кремата за сончање, но повеќето забораваат на производи за нега на коса, со оглед на тоа што сонцето ја уништува и неа, а не само кожата. Секогаш носете марама, шапка и нанесувајте производи за заштита.
М. М. | Црнобело