7 работи од кои жените треба да престанат да се срамат (бидејќи се нормални и сите ги имаат)
Целулит имаат и слабите девојки, двојната брада и темните подочници многупати се наследни, а не значи дека вие не се грижите за себе - од кои работи треба да престанете да се срамите? Не сте единствени што ги имате...
Стандардите за убавина постоеле секогаш, но со претераната зависност од социјалните мрежи, филтри и уредувани фотографии, истите стануваат многу понедостижни и девојките губат осет за реалноста.
Иако сите на Инстаграм можеби изгледаат совршено, со фит тело, мазна кожа, блескаво лице и сјајна коса, тоа не значи дека тоа е сликата и зад камерата.
Сосема е нормално жените (и мажите) да имаат недостатоци во изгледот и важно е да знаете дека не сте единствени.
Но, нема ништо лошо и во тоа да користите некои помагала кои прават да се чувствувате посигурно во себе.
Па, време е да престанете да се срамите од:
Целулит (кој го имаат и слабите девојки)
Природен изглед без шминка (негувајте се и не се срамете од своето вистинско лице)
По некое пропуштено влакненце или оставени светли влакна на рацете (ако славните можат, зошто не и вие?)
Брчки (бидејќи е сосема нормално да се менуваме со текот на годините)
Потемнета кожа под пазувите (чест проблем со кој се соочуваат многумина и е во ред да го прифатите)
Двојна брада (не значи дека сте дебели, некогаш е наследно или кожата станува еластична со годините)
Длабоки и темни подочници кои се наследни, а не последица од лош живот (само истакнете ги другите делови од лицето и уживајте)
М. М. | Црнобело