4 работи што најмногу ја оштетуваат косата (и како да ја вратите во нормала)

Ако косата ви е искината од многу затегнати фризури или грубо чешлање, можете да ја вратите во нормала ако не ја чешлате кога е влажна и ако им дадете предност на меките стегачи.

4-raboti-shto-najmnogu-ja-oshtetuvaat-kosata-i-kako-da-ja-vratite-vo-normala-01.jpg

Со текот на времето, косата се оштетува и затоа е важно редовно да ја потстрижувате.

Пукањето на врвовите е речиси неизбежно, дури и ако не ја фарбате косата, и единствениот начин да се ослободите од нив е одењето на фризер.

Но, најчесто, косата се оштетува од третмани како пеглање и фарбање, но и најобично чешлање.

Ако штетата не е многу голема, по неколку месеци можете да ја вратите косата во подобра состојба, без многу да ја кратите.

Секако, секогаш е подобро да го спречите оштетувањето.

Четири работи кои најмногу ја оштетуваат косата и како да ја заштитите:

Термално оштетување

Честото користење уреди со топлина, како фен, пегла или фигаро, го оштетува целото влакно.

Ова оштетување ја прави косата сува и кршлива.

Ако влакното не е премногу оштетено, ќе ви требаат неколку месеци да ја вратите косата во нормала.

Освен што е препорачливо малку да ја скратите, следете ги и следниве совети:

- максимално избегнувајте топлина – виткајте ја косата со виклери, а кога ја сушите со фен, користете студен воздух

- користете маски и регенератори со кератин

- ако ја обликувате косата со пегла или фигаро, задолжително нанесете средство за заштита од топлина.

4-raboti-shto-najmnogu-ja-oshtetuvaat-kosata-i-kako-da-ja-vratite-vo-normala-02_copy.jpg

Хемиско оштетување

Ова оштетување е од третмани како фарбање кои ја ослабуваат косата и ја прават кршлива.

За да го избегнете оштетувањето, секогаш е подобро да одите на фризер, особено за третмани со посилни хемикалии, како бланширање.

По фарбањето, вашиот фризер ќе ви каже како да се грижите за косата.

Ако веќе малку сте ја оштетиле со фарби, од помош можат да ви бидат следниве совети:

- користете шампони, маски и регенератори за фарбана коса

- користете масла и серуми за фарбана и оштетена коса

- ако косата е многу оштетена, обратете се кај професионалец за третман со кератин или нешто слично.

4-raboti-shto-najmnogu-ja-oshtetuvaat-kosata-i-kako-da-ja-vratite-vo-normala-03.jpg

Оштетување од УВ зраци

Иако поретко, и сончевите зраци можат да ја оштетат косата

Ова е најизразено во лето, кога минуваме повеќе време надвор, а и кога УВ зрачењето е посилно.

Ако косата ви е оштетена од сонце, тогаш:

- некој период немојте да ја обликувате косата со топлина

- користете пилинг за скалп кој ја подобрува циркулацијата, како и маски со кератин

- пред да излезете надвор, нанесете средство за заштита од сонце.

4-raboti-shto-najmnogu-ja-oshtetuvaat-kosata-i-kako-da-ja-vratite-vo-normala-04.jpg

Механичко оштетување

Во овој случај станува збор за оштетување од грубо чешлање, често носење затегнати фризури и слично.

Со ова, косата се кине и врвовите пукаат побрзо.

За да ја вратите косата во нормала:

- немојте да ја чешлате додека е влажна

- избегнувајте ластичиња за коса и дајте им предност на меките стегачи (кои периодов се и модерни)

- немојте да ја миете косата секој ден за да го спречите сушењето

- пред да ја начешлате косата, нанесете средство за расчешлување

4-raboti-shto-najmnogu-ja-oshtetuvaat-kosata-i-kako-da-ja-vratite-vo-normala-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Колку често може да ја фарбате и бланширате косата без (премногу) да ја оштетите? Понекогаш наједноставниот начин да го трансформирате вашиот изглед е со промена ...
4 трикови со кои локните ќе ви траат подолго од една вечер Немојте да ја миете косата пред виткање и користете помалку продукти како регене...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg