6 ѕвезди со несовршени нозе, кои не се срамат од нив и гордо ги покажуваат

Сара Џесика Паркер има таканаречени „машна нозе“ - споени кај колената, но со дупка меѓу бутините и листовите, а Кејти Холмс има нозе во вид на буквата „О“.

6-dzvezdi-so-nesovrsheni-noze-koi-ne-se-sramat-od-niv-i-gordo-gi-pokazhuvaat-01.jpg

Нозе во вид на буквата Х, ковчести и анорексични нозе, дебели нозе поради кои повеќето девојки не би се осмелиле да облечат нешто кратко.

Но, светските ѕвезди како да немаат комплекс и не се срамат да ги истакнат...

Кои се светските ѕвезди чии нозе не се совршени, но тие ги покажуваат со гордост и важат за секси?

Сара Џесика Паркер

Важи за една од светските ѕвезди со најдобар стил (ова е резултат делумно и на ликот на Кери Бредшо што го глумеше), но таа е далеку од совршена.

Освен изразениот нос, за кој често вели дека не си го сака, Сара има и несовршени нозе.

Тие се допираат кај колената, но има дупка кај бутините и кај листовите.

Но, актерката сепак, носи кратки панталончиња и здолништа и не се срами да ги покаже нозете.

6-dzvezdi-so-nesovrsheni-noze-koi-ne-se-sramat-od-niv-i-gordo-gi-pokazhuvaat-04.jpg

Кристина Агилера

Без оглед дали е слаба или пополна, нозете на Кристина Агилера се во форма на лак (полукруг).

Тоа сепак не ја спречува пејачката да носи хеланки или тесни панталони кои ги истакнуваат нозете.

6-dzvezdi-so-nesovrsheni-noze-koi-ne-se-sramat-od-niv-i-gordo-gi-pokazhuvaat-06.jpg

Кејти Холмс

Популарната актерка има нозе во форма на буквата „О“, односно голема дупка меѓу нозете.

Тоа не се забележува кога Кејти се движи, но кога ќе застане исправено пред фотографите на црвениот тепих, нејзините несовршени нозе и тоа како доаѓаат до израз.

6-dzvezdi-so-nesovrsheni-noze-koi-ne-se-sramat-od-niv-i-gordo-gi-pokazhuvaat-05.jpg

Кејт Босфорт

Една од најубавите русокоси актерки, постојано вежба.

И иако има цврсти и стегнати нозе, тие сепак се многу слаби и со несовршена форма, малку опуштени кај бедрата и преслаби.

Но, таа многу често носи кратки фустани и не се срами да ги покаже во јавноста.

6-dzvezdi-so-nesovrsheni-noze-koi-ne-se-sramat-od-niv-i-gordo-gi-pokazhuvaat-02.jpg

Ники Хилтон

Наследничката на хотелите Hilton и сестра на Парис Хилтон, има премногу ковчести нозе.

Во јавноста често коментираат дека изгледа анорексично и нездраво, но тоа не ја спречува да носи кратка облека.

6-dzvezdi-so-nesovrsheni-noze-koi-ne-se-sramat-od-niv-i-gordo-gi-pokazhuvaat-03.jpg

Ријана

Пејачката и бизнисменка низ годините многу варираше со килограмите, но стилот на облекување ѝ остана ист.

Дури и кога нејзините нозе беа пополни, Ријана не дозволи да ѝ создаваат комплекс и гордо шеташе во кратки фустани.

6-dzvezdi-so-nesovrsheni-noze-koi-ne-se-sramat-od-niv-i-gordo-gi-pokazhuvaat-07.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
Штипките во форма на цвет се летен хит – идеи како да ја фатите косата со нив (фото) Верувале или не, ретро штипките во форма на цвет се вистински хит за лето 2024 –...
„Млечни нокти“ - тренд на кој нема да можете да му одолеете (фото) За оние кои често ги менуваат формата и бојата на ноктите, новиот тренд „млечни ...
Трикови со кои лакот за нокти ќе трае подолго (и маникирот ќе изгледа подобро) Направете ги ноктите во форма на бадем, а кога миете садови, секогаш користете р...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg