Трикови за убавина со кои и девојките кои не се вешти во шминкањето ќе изгледаат совршено
Жените поминуваат многу време во разубавување и средување, независно дали е тоа нега на кожа, шминкање или правење фризури.
Но, покрај оние кои можат со часови да уживаат додека си нанесуваат разни козметички производи на лицето, има и такви кои сакаат набрзина да завршат со процесот.
Дел од нив немаат трпение за да се шминкаат и дотеруваат долго време, а други, едноставно не се вешти со четкичките.
Па, без разлика во која група припаѓате, овие трикови ќе ви бидат од корист во секое време:
Како да нанесете маскара без да се размачкате:
Како да залепите правилно вештачки трепки:
Брза шминка за очи
Нанесете кремава светкава сенка на целиот горен капак и малку на долниот. Така за неколку секунди вашето око ќе биде нашминкано без многу труд и време.
Две четки во една
Со помош на шноли претворете ја обичната топчеста четка во четка за нанесување руменило или за контурирање.
Користете лажица за нанесување сенка за очи
Користете четка од маскара за боење на веѓите (но внимавајте на бојата)
Прво нашминкајте ги очите, потоа сè останато
Монохроматска шминка
Кремастите производи се одлични за експериментирање. Карминот лесно може да го претворите во сенка за очи, а и како руменило ако протриете малку со прстите. Па така, за деновите кога нема време и идеја, ова е одлична опција.
Користете кокосово масло наместо ноќна крема
М. М. | Црнобело