Како да ја заштитите кожата од зимскиот студ?

Ладните зимски денови освен што предизвикуваат појава на симпатични “црвени“ обравчиња на лицето, сѐ почесто се причина за појава на непријатна затегнатост и сувост на кожата, а во екстремни случаи распукување, лупење, чешање, црвенило, па дури и појава на егзема.

kako-da-ja-zastitite-kozhata-od-zimskiot-stud-001.jpg

Нега на лицето

Кожата на лицето е најизложена на надворешните влијанија и потребна е посебна нега и внимание. Избегнувајте сапуни, пилинзи и маски на база на глина кои имаат својство да ја извлечат водата од кожата. Лосионите кои содржат алкохол покрај нечистотијата ги отстрануваат и природните масти.

Употребувајте млеко за чистење, лосиони без алкохол или мицеларна вода со благи пенители кои ќе ја отстранат нечистотијата на лицето, а истовремено ќе ја хидрираат кожата на лицето.

По чистењето на лицето, особено важен чекор е употребата на квалитетен хидратантен крем. Изберете производ кој дејствува длабински и овозможува долготрајна хидратација на кожата. TAIVA HYDRO ACTIVE PLUS дневниот и ноќен крем за лице дејствуваат во длабинските слоеви на кожата, го зголемуваат создавањето на уреа и го згуснуваат липидниот слој на кожата. На тој начин се спречува губитокот на вода, се зголемува хидратацијата на кожата за 60 пати и има долготраен ефект. Дејствата се клинички испитани и докажани.

Нега на телото

Негата на кожата на телото е подеднакво важна и покрај тоа што не е директно изложена на надворешниот студен воздух. Избегнувајте туширање со многу топла или жешка вода.  Повеќето средства за туширање ги отстрануваат природните масти во кожата кои се неопходни за мека и природно хидрирана кожа. Отстранување на природните масти од кожата доведува до нејзино прекумерно сушење. Поради тоа, побарајте производи за туширање кои содржат благи пенители, кои ефикасно ќе ја отстранат нечистотијата од кожата, а истовремено ќе ги зачуваат природните масти во кожата и ќе спречат нејзино пресушување.

TAIVA геловите и кремите за туширање содржат благи природни пенители, збогатени со различни природни состојки како: ши путер, масла од арган и маслинка, хијалуронска киселина, алое вера, протеини од свила кои оставаат нежен хидратирачки слој на кожата кој ги надополнува изгубените масти од кожата и го спречува губитокот на вода.

По туширањето, особено е важно телото нежно да се помине со чист пешкир, кој ќе ги впие капките вода од површината на кожата. Не се препорачува силно триење на кожата со пешкир. Веднаш се нанесува хидратантно или хранливо млеко за тело. TAIVA млеката за тело ефикасно ја хидрираат и негуваат кожата, брзо и лесно се впиваат и не оставаат масна трага. Не содржат силиконски масла и парабени.

TAIVA * Smart cosmetics * Smart choice

Авторот е докторанд на фармацевтски науки

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...
Калтрина за стилот и убавината: „Порано броев калории, но веќе не се лишувам од храна за да имам вит... „За убаво и негувано лице клучна е генетиката, а јас, за среќа, имам добри ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg