„Банана фризурата“ е најновиот тренд кој ја заменува неуредната висока пунџа

Трендовите доаѓаат и си заминуваат и иако навистина е тешко да се замисли дека се приближува крајот на неуредната висока пунџа, модните фанатици проговорија: време е за нова варијација позната како „банана“ фризурата.

Banana-frizurata-e-trendot-koj-ja-zamenuva-visokata-pundza-01.jpg

Сите се сеќавате на фамозната банана-фризура од минатото, нели? Коса совршено замотана во облик на банана во вертикална насока, толку цврсто стегната што одвај можете да ја движите главата, без да штрчи ниту едно влакно.

Сепак, новиот тренд подразбира една полежерна варијанта на старата добра ретро фризура, која е исто така неуредна како и високата пунџа.

Важно е косата да се собере во хоризонтална насока и што е можно пониско, а нема потреба да се грижите за совршен изглед, бидејќи колку истата е понеуредна, толку подобро.

Погледнете го новиот бран „банана“ фризури и изгледајте го краткото видео како да ја направите полесно:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
5 летни фризури кои веднаш ќе ве подмладат Понекогаш треба само малку храброст да ја замените фризурата што ја носите со го...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
9 (ризични) фризури кои не им стојат добро на сите Многу кратката боб фризура ќе треба постојано да ја стилизирате, а и се чини дек...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg