18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице
Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето, што ви стои најубаво - боб фризура, шишки или едноставна фризура до рамена? Најдете ја совршената фризура за вас меѓу овие 18 предлози...
Кратката коса има многу предности пред долгата - на пример, ќе ви треба пократко време за да ја исушите или обликувате.
Но, кога е во прашање кратката коса, или средно долгата коса, многу е важно да изберете фризура која ќе му одговара на обликот на вашето лице.
Најпрво, одредете каков е вашиот тип на лице:
Овално: Кај ова лице поизразена е должината отколку ширината лицето. Во исто време брадата е малку потесна од челото.
Форма на квадрат: Кај ова лице челото, јаболчиците и вилицата се со исти димензии. Лицето го краси и широка, изразена вилица.
Тркалезно: Ширината и должината на лицето се исти.
Срцевидно: Најизразен дел од лицето е линијата помеѓу косата и челото. Јаболчиците се изразени, а брадата е тесна.
Долгнавесто: Вообичаено, ова лице е многу тенко, со тесно чело и брада. Потсетува на овалното лице, но брадата е поиздолжена.
Форма на дијамант: Кај овој тип лице, најизразени (најшироки) се јаболчиците. Челото и вилицата се со еднаква ширина.
Ви претставуваме 18 тренди фризури, соодветни за различните типови лице:
Овално лице
Кратка коса со шишки на страна: Ова е асиметрична фризура чија цел е да го издолжи лицето. Но, ако ја носите вака фризурата, препорачливо е да користите гел за да ѝ дадете „мокар изглед“ на врвовите.
Неправилна рамна коса: За оваа фризура се карактеристични прамени со различна должина и шишки - тие ќе ѝ дадат волумен на косата, ќе го врамат лицето, а брадата ќе дојде до израз.
Боб-фризура до подбрадокот: Оваа фризура има моќ да го скуси лицето во должина и да му даде убав облик.
Лице во форма на квадрат
Пикси фризура со долги шишки: Ги омекнува острите црти на лицето, поради што тоа добива тркалезна форма.
Рамна коса до рамена со шишки на страна: Кај оваа фризура е важно рабовите секогаш да ви се исфенирани навнатре. Тие, во комбинација со шишките стилизирани на страна, ги „омекнуваат“ острите црти на лицето.
Слоевита фризура: Идеална е за дамите со прекршена коса, бидејќи му даваат форма на лицето и ја омекнуваат линијата околу вилицата.