Како наједноставно да се ослободите од црнките?
На почетокот добро е да се разјасни што точно се црнките. Кога порите се затнати со маслени и мртви клетки на кожата, станува збор за еден од двата потенцијални проблеми: црнки или белки.
Белките се видливи со голо око, при што кожата не ги затвора целосно порите и ги заробува остатоците поблиску до површината. Доколку се бисерно бели најчесто значи дека се и подготвени за пукање и отстранување.
Црнките се вториот тип и не болат толку многу бидејќи не се веднаш под кожата. Бојата на црнките е предизвикана од збиената маса на масло и мртва кожа која потемнува кога е изложена на кислород (благодарение на меланинот во мртвите клетки на кожата).
Црнките најчесто ќе ги забележите на носот, бидејќи овие пори имаат тенденција да бидат помрсни и поголеми за разлика од останатите на лицето.
Па кој е најлесниот начин да се ослободите од нив?
Без разлика дали припаѓате на женскиот или машкиот пол сите се соочуваме со истиот проблем, а ова се 4 ефикасни начини како да го спречите нивното развивање и да ги исчистите постоечките од порите:
Користете чистач за лице со салицилна киселина
Традиционалната нега на кожата вклучува 3 основни чекори: чистење на лицето, пилинг или ексфолијација и хидратација со хранлив крем.
Сепак може да направите мала измена во вториот чекор: елиминирајте го моментот на физички пилинг и заменете го со средство за чистење на лицето кое во својот состав содржи салицилна киселина (хемиски ексфолијант).
Наместо да им правите пилинг на мртвите клетки, салицилната киселина всушност ги разложува, вклучувајќи ги и оние кои се затнати длабоко во порите.
Нанесете хидратантен крем 2 пати во денот
Кога ќе нанесете на лицето квалитетен хранлив крем со SPF заштитен фактор, тој ги храни клетките на кожата и оневозможува проширување на порите додека се изложени на сонце.
Кожата станува цврста подолг временски период, порите остануваат помали, а хранливиот крем создава тенка бариера на површината на кожата и не им дозволува на надворешните нечистотии да се напикаат во внатрешноста на порите.
Задолжително нанесете крем 2 пати во денот, наутро и навечер пред спиење, при што може да го избегнете заштитниот фактор во вечерната рутина.
Консултирајте дерматолог за полезното дејство на ретинолот
Ретиноидите се препорачуваат од страна на повеќето дерматолози, бидејќи се еден од најдобрите начини да се затегнат порите, да ја спречат појавата на акните и да го забават процесот на стареење како и да ја санираат кожата поради преголемата изложеност на сончеви зраци.
Ретинолот или уште попознат како витамин А е еден од најактивните антиоксиданти, и особено е важен во лекувањето на акните и малите брчки.
Црнките секако не се исклучок, бидејќи со редовна употреба на ретинол кожата ќе стане помазна, посјајна, а црнките ќе исчезнат.
Практикувајте маска на лицето еднаш неделно
Маските за лице дејствуваат како вакуум чистачи на кожата при што ја вшмукуваат сета нечистотија која е насобрана во вашите пори.
Токму поради тоа не треба да се користат повеќе од 1-2 неделно, бидејќи секое претерување води до контра-ефекти.
Одберете маска која одговара на вашиот тип на кожа, но важно е да запаметите дека истата треба да ја нанесете на чиста кожа и по туширањето, бидејќи тогаш порите се најотворени и нечистотиите најбрзо ќе излезат од нив.
(О)Милена | Црнобело