Трикови со кои ќе спречите вратот да покаже знаци на стареење
Многу жени успеваат да ги сокријат годините со посебната нега на телото и кожата.
Кожата на вратот брзо ја губи еластичноста и за жал, со текот на годините, вратот добива поинаков изглед кој подоцна ретко може да се промени.
Затоа, за да не дојде до тоа и да спречите стареење во овој дел, следете ги следниве правила кои ќе ви помогнат да го одржите вратот во младоста.
Редовно навлажнување на кожата
Исто како и лицето, редовно треба да се навлажнува и вратот.
Не мора да купувате посебни препарати, бидејќи ова може да го направите и со обична крема, која ќе ја нанесете на кожата и ќе правите кружни движења од доле нагоре.
Исто така, на вратот му е потребна и ексфолијација, а може да користите домашни состојки за пилинг, како овесни снегулки и јогурт.
Откажете се од големите ланчиња
Тешките ланчиња и камења ја тегнат тенката и чувствителна кожа на вратот, па затоа носете ги само во посебни прилики. Од истата причина добро е да избегнувате и ролки со тесен ластик.
Вклучете витамин Ц и масни киселини во исхраната
Ц витаминот го зголемува лачењето на колаген, кој овозможува еластичност на кожата. Затоа, добро е да вклучите повеќе цитрусни овошја во исхраната, како и домати и бобинки.
Корисни производи се и оние кои содржат омега-3 и омега-6 масни киселини како што се маслиново масло, авокадо, масни риби, ореви и авокадо.
Не претерувајте со парфемите
Во парфемите и тоалетните води, има алкохол и различни видови на мирисливи, парфемизирани состојки, кои ја сушат косата и ја намалуваат еластичноста.
Па, ако сте навикнати по неколку пати да шприцате парфем во текот на денот, правете го тоа на другите делови од телото, како на пример на зглобовите на раката.
Внимавајте на ставот
Неправилното држење на телото и главата, освен што предизвикува болки, создава и брчки на вратот кои подоцна тешко се отстрануваат.
Затоа, за да го спречите нивното појавување, држете го вратот исправено, посебно трудете се да го правите тоа кога гледате во мобилен телефон.
Правете вежби
Има многу вежби кои помагаат во одржувањето на мускулите на вратот и долниот дел на лицето.
Погледнете неколку најдобри:
Мрдајте ја долната вилица напред-назад.
Застанете исправено, ставете ја десната рака на челото и со малку сила туркајте го челото кон дланката, без да ја вртите главата. Стојте во оваа позиција 10 секунди.
Застанете исправено, ставете ги рацете зад глава и притискајте ги надоле со главата, без да го свиткате вратот наназад. Останете во оваа позиција 10 секунди.
Застанете исправено и наведнете ја главата наназад, а устата отворете ја. Обидете се да си ги допрете горните усни со долните, без да ги допрете забите и да затворите. Повторете неколку пати.
М. М. | Црнобело