Трикови како нозете да ви останат мазни подолго после бричењето
-->
Некои жени преферираат бричење бидејќи сами одлучуваат кога ќе го направат тоа и не се ограничени со закажување депилации.
Други пак, не сакаат да слушнат за бричење, но веројатно и ако спаѓате во оваа група, некогаш ви се случило да сте во безизлезна ситуација каде мора да попуштите.
-->
Не секогаш имаме време да чекаме до следната депилација, а често се случува неочекувано да излезе некој настан.
Па, доколку дојде до тоа да мора да се избричите, добро е да имате неколку трикови за тоа како нозете да останат мазни подолго:
Секојдневно користете масло за тело кое ја омекнува кожата.
Користете гел за бричење, бидејќи е полизгава супстанца и нема да го заглавува жилетот.
-->
-->
Менувајте го жилетот редовно и не се бричете со стар.
Бричете ги нозете на крај од туширањето за топлата вода убаво да ги омекне влакната.
-->
Користете средство за ексфолиација пред бричењето – ќе ја отстрани мртвата кожа и ќе спречи внатрешни влакна.
Користете машки жилет – освен што е поевтин, дизајниран е пред сѐ за бричење на лице, па е многу подобар.
Бричете се од горе-надоле, па обратно – не почнувајте прво нагоре ако сакате мазна кожа.
-->
Бидете внимателни ако жилетот е нов бидејќи е многу поостар и полесно може да се исечете.
Свиткајте ги колената кога поминувате по тој дел за да ги извадите темелно влакната и да избегнете сечење.
По употреба, секогаш затворајте го жилетот со капаче бидејќи тоа спречува негово уништување.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода
Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих
Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено
Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето?
Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
9 трикови кои ќе ги нагласат убавината и стилот на повозрасните жени
Кафеаво наместо црно моливче за очи, нега на усните и дланките - Како да ја иста...
Грешки во рутината за убавина што ги правиме во лето (а можат да бидат штетни)
Дали ставате балсам за усни со фактор? А, дали имате навика да ги бричите нозете...