Зошто е добро мажите да пуштат брада?
Покрај тоа што им дава нота на сексапил на мажите, брадата им носи и многу здравствени придобивки.
Мажите со брада имаат некој посебен шарм. Истакнатата мажественост како да е магична за жените.
Но, многумина противници на овој тренд тврдат дека носењето брада е нехигиенски.
Сега истражувањето објавено во магазинот „Journal of Hospital Infection“ откри дека ова не е точно и дека кај мажите без брада трипати поголема е веројатноста да имаат штетни бактерии на лицето. Од 408 испитаници, оние кои имале брада имале помалку бактерии и микроби на лицето.
Плус, додека се бричите може да направите исекотина на лицето, која ја зголемува дополнително можноста за зараза со бактерии, а може и да ви остане белег.
Исто така, кога носите брада нема потреба да се грижите за сувата кожа. Влакната делуваат како заштитен слој од ветрот и студот, па така вашето лице ќе остане заштитено и хидратизирано.
Брадата во зимските месеци ќе ви го грее лицето. Колку ви е подолга брадата, толку помал пристап до вашето лице ќе има студениот воздух.
Некои истражувања тврдат дека носењето брада е препорачливо за мажите кои страдаат од астма, затоа што влакната служат како филтер за алергените.
Во летниот период е добро да се носи брада затоа што таа блокира 95% од штетните сончеви зраци и со тоа ја штити кожата на вашето лице од појава на рак.
С. С. | Црнобело