Голема палета сенки, универзални шампони: Козметички производи за кои не вреди да трошите пари
Козметичката индустрија ни ги покажува крајните производи во најдобро светло, што понекогаш може да помислиме дека рекламите се предобри за да бидат вистинити.
Тие фино ги пакуваат ветувањата и ефектите кои се добиваат од нив, како и функционалноста што на секој би му била „неопходна“.
Но, ова не важи за секој производ. Понекогаш сме само понесени од добриот маркетинг па купуваме нешто што воопшто не би ни било потребно.
Ова се производите за кои не вреди да трошите пари само заради добриот маркетинг:
Голема палета на сенки за очи
Да, тие изгледаат совршено и повеќето девојки паѓаат на тоа да имаат по 100 сенки во едно убаво спакувано кутивче кое може да чини и четвртина плата.
А, реалноста е дека нема да ги користите сите сенки и повторно изборот ќе се сведе на 10, што можете да ги купите за поевтина цена и да ги искористите во догледно време, без да застарат.
Универзален шампон
Понекогаш изгледа како универзалните шампони за секаква коса да се најдобро решение, но всушност на сите косата ни е различна и си бара посебна нега.
Бирајте шампон кој одговара на вашиот тип на коса кој е најсоодветен и испробан.
Голем сет четки
Повторно како со сенките, доколку не сте професионален шминкер, сигурно нема да ви бидат од корист 30 различни четки за шминка.
Се сведуваме на тоа дека се доволно максимум 10 или помалку со добар квалитет кои ќе ги користите секојдневно.
Пилинг за тело и лице
Да, секако дека постојат убави, природни и квалитетни пилинзи кои може да ги купите, но во повеќето случаи нема потреба да трошите пари на тоа.
Доколку веќе бирате природно, состојките можете и сами да ги измешате, а да бидат со достапна цена – кафе, мед, шеќер, маслиново масло и други масла се дел од главните состојки.
Зошто да трошите пари на нешто што можете сами да го направите и да бидете сигурни што има во него?
Креми за отстранување на темните кругови под очите
Никој не сака да ги има овие темни кругови под очите, но вистината е дека и кремите немаат голема моќ.
Најчесто, потребен е добар сон и одмор на телото, а доколку веќе барате алтернатива, не користете секакви креми, туку оние кои се најдобри за вашето лице.
Исто така, можете повторно да се послужите со домашните маски.
М. М. | Црнобело