3 часа пред спиење: Што да правите за кога ќе се разбудите наутро да изгледате совршено?

Дури и моделите и познатите убавици признаваат дека кога ќе се разбудат, не се баш во такво издание како кога сите им се восхитуваме.

3-chasa-pred-spienje-shto-da-pravite-za-koga-kje-se-razbudite-nautro-da-izgledate-sovrsheno-01.jpg

Ова ни е добро познато на сите кои посакуваме секое утро да се будиме и никогаш да не се „плашиме“ од изразот кој ќе го видиме во огледалото.

Секако, како и за сè останато, постои начин и за да го постигнете тоа, само треба да следите неколку совети секојдневно.

Запомнете ги следниве:

3 часа пред спиење:

За да не се разбудите со потечени очи и подочници, не пијте многу течности и избегнувајте солена храна навечер.

За вечера, јадете храна со високо ниво на протеин и ниско ниво на шеќер. Избегнувајте ориз, компир и паста – заради јаглехидратите, нашата кожа може да се опушти.

Рибата, зеленчукот и овошјето се одличен избор за вечера, 3 часа пред спиење.

3-chasa-pred-spienje-shto-da-pravite-za-koga-kje-se-razbudite-nautro-da-izgledate-sovrsheno-02.jpg

1 час пред спиење:

Проветрете ја спалната, бидејќи во просторијата во која спиете треба да има пријатно ниво на свежина и ниска температура.

Разбудете се со тонирано лице. Измешајте малку витаминска пудра со ноќната крем и нанесете на лицето и на вратот.

Кога ќе се разбудите ќе изгледате посвежо, но овој трик не е неопходен, туку само за оние на кои им пречи бледото лице.

3-chasa-pred-spienje-shto-da-pravite-za-koga-kje-se-razbudite-nautro-da-izgledate-sovrsheno-03.jpg

20 минути пред спиење:

Нанесете ноќна хранлива крем за лице, за да има доволно време состојките да се впијат во кожата, а не тие да останат на перницата.

5 минути пред спиење:

Исчешлајте ја косата. Ако имате многу долга коса, фатете ја во нежна плетенка. Кога ќе се разбудите ќе имате убав волумен, нежни бранови, но ќе изгледате прекрасно.

За спиењето:

Внимавајте на позата во која спиете. Не го лепете лицето за перницата за да не ви се „деформира“ и да не се разбудите потечени или со линии на едната страна.

Пробајте да спиете со трака за очи. Така ќе потонете во подлабок сон и нема да ве вознемирува светлината, а ќе се разбудите свежи и одморени.

3-chasa-pred-spienje-shto-da-pravite-za-koga-kje-se-razbudite-nautro-da-izgledate-sovrsheno-04.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
9 трикови кои ќе ги нагласат убавината и стилот на повозрасните жени Кафеаво наместо црно моливче за очи, нега на усните и дланките - Како да ја иста...
Шминки што треба да ги избегнувате по 40-тата година (прават да изгледате постаро) Многу темно моливче за веѓи, како и многу светол, скоро бел коректор кој не е со...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...
Завршете го летото со шарен маникир: 25 идеи за нокти во весели бои (фото) Весели и дречливи бои, нокти кои не мора да се совршено налакирани, но ќе бидат ...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg