7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина

Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, фустани од кадифе... Кои работи прават да изгледате постаро и со кои алтернативи можете да ги замените?  

7-raboti-koi-pravat-da-izgledate-postaro-otkolku-shto-ste-navistina-01.jpg

Не постои жена која намерно би носела облека во која ќе изгледа постаро отколку што е навистина, ниту пак ќе користи шминка и аксесоари кои ѝ додаваат години визуелно.

Но, ќе се изненадите колку несвесни грешки прават сите, а поради кои може да изгледате и до 5 години постаро.

Ова се грешките кои ги правиме често, а кои додаваат години... Затоа, обидете се да ги избегнете.

Фустани од кадифе

Фустаните од кадифе се совршени за тинејџерките, но не и за возрасните жени. Тие на секоја жена ѝ додаваат по неколку години.

Сјајот на материјалот визуелно ја преобликува силуетата, па колку и да сте слаби, ќе изгледате пошироко.

Затоа, ако сакате да носите кадифе, препорачливо е да го комбинирате со друга облека и кадифето да не доминира.

7-raboti-koi-pravat-da-izgledate-postaro-otkolku-shto-ste-navistina-08.jpg

Блузи и кошули врз панталоните/фармерките

Сигурно се чувствувате удобно во широката облека, но таа визуелно додава години.

Па, кога носите кошули преку фармерките, ги криете контурите на телото.

Понекогаш е доволно само предниот дел од кошулата (или едната страна) да ја ставите во панталоните и да го свртите фокусот кон вашата половина.

7-raboti-koi-pravat-da-izgledate-postaro-otkolku-shto-ste-navistina-07.jpg

Хулахопки кои ѝ даваат „тен“ на ногата

Иако самото име вели „тен“, најчесто хулахопките во оваа нијанса изгледаат неприродно, вештачки и го уништуваат целиот имиџ, особено ако се дебели.

Затоа е подобро да изберете црни хулахопки, без оглед дали се тенки или дебели.

7-raboti-koi-pravat-da-izgledate-postaro-otkolku-shto-ste-navistina-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Млечни нокти“ - тренд на кој нема да можете да му одолеете (фото) За оние кои често ги менуваат формата и бојата на ноктите, новиот тренд „млечни ...
Анастасија Илиевска за стилот и убавината: „Еднаш месечно одам на козметичар, вежбам 5 пати неделно“ „Облека пазарам таму кај што нешто ми се допаѓа - може да е во маалска, дизајнер...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg