Си цртаат пеги со брокула – Инфлуенсерките „полудеа“ по новиот тренд на социјалните мрежи

Наместо со четка или со други апликатори за шминка, во тренд е здравата брокула за нанесување пеги на лице. Резултатите се веднаш видливи, а трикот може да го изведат и оние што не се многу вешти. Како пегите од брокула станаа популарни на социјалните мрежи?

si-crtaat-pegi-so-brokula-influenserkite-poludea-po-noviot-trend-na-socijalnite-mrezhi-01.jpg

Инфлуенсерките на социјалните мрежи масовно споделуваат видеа од најновиот шминкерски тренд со којшто се опседнати.

Сите знаеме дека брокулата е мошне здрава, а според најновиот тренд може да се искористи и ако сакате да си нацртате пеги што ќе делуваат природно.

На ТикТок постојано има некој нов шминкерски тренд што се следи, а сега инфлуенсерките ги заменија четките за шминкање со парче брокула.

Трендот е насловен како „пеги од брокула“ (broccoli freckles) и може да ви помогне овој детаљ на лицето да изгледа поприродно.

si-crtaat-pegi-so-brokula-influenserkite-poludea-po-noviot-trend-na-socijalnite-mrezhi-02.jpg

Трикот е мошне едноставен. Земате цветче брокула и го потопувате во темен коректор или кармин со бронзена нијанса, а потоа со него си цртате пеги на лицето.

Според инфлуенсерките ова е многу полесен и поприроден начин да ги добиете посакуваните пеги без да користите скапи козметички продукти, или пак да си предизвикате проблеми со некои други небезбедни методи.

si-crtaat-pegi-so-brokula-influenserkite-poludea-po-noviot-trend-na-socijalnite-mrezhi-03.jpg

Тие се убедени дека ефектот е неверојатен, а изгледот на лицето целосно им се менува.

Погледнете го видео упатството:

@paulinareitman

Shook to my core. #broccoli #broccolifreckles #freckles #makeuphacks #bronzer

♬ original sound - Paulina

@giuliasalemiofficial

Haha had to try this weird faux freckles hack. AND IT WORKS? Or what do you think? 🥦😂 #tiktokbeauty #perte #lentiggini #broccoli #freckles #makeuptutorial #makeuphacks #fy #fypシ #viralvideo #viraltiktok

♬ Sexy Lady x Drop It Like x Buttons - ARNEL REMIX

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
„Млечни нокти“ - тренд на кој нема да можете да му одолеете (фото) За оние кои често ги менуваат формата и бојата на ноктите, новиот тренд „млечни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg