Три типа на шишки кои ќе ве подмладат по 40-тата година
Многу жени се плашат да носат шишки, бидејќи мислат дека нема да можат да ги „одржуваат“ или дека можеби нема да им стојат. Дали сте и вие една од нив?
Факт е дека шишките не се за секого, но и дека погрешно потстрижените шишки може да ви додадат години, наместо да направат да изгледате помладо.
Сепак, постојат 3 типа на шишки кои се идеални за жените постари од 40 години, бидејќи со нив ќе изгледате помладо:
Полукружни шишки
Шишките кои се подолги од страните, а пократки кај носот и челото (и се потстрижени во вид на полукруг), го прават лицето „помеко“ и му даваат овална форма.
Лицето истовремено изгледа „отворено“, а шишките умешно ги кријат брчките на челото и околу очите.
Важно е и да не се рамни, туку проретчени на врвовите.
Меѓу познатите дами кои го преферираат овој стил се Хајди Клум, Џенифер Лопез и Пенелопе Круз.
Шишки префрлени преку едната страна на челото
Долгите шишки со благи кадрици можете да го носите префрлени преку едната страна на челото. Тие му даваат малку асиметричен облик на лицето, а покриваат и дел од брчките на челото и очите.
Овие шишки одлично стојат и на долга и на кратка коса, но и на секој облик на лицето.
А бидејќи се со благи кадрици, лесно паѓаат околу лицето и секогаш ќе му даваат поинаков, но и помладешки изглед.
Меѓу оние кои го обожаваат овој стил е Џенифер Гарнер.
Истенчени шишки
Рамните густи шишки ќе направат и 20-годишните девојки да делуваат постаро.
А откако ќе ја надминете 40-тата година, заборавете на овој стил и наместо тоа решете се за шишки кои се истенчени на врвовите.
Делуваат елегантно и софистицирано, без оглед на возраста.
Меѓу оние што ги носат со години се и Рис Витерспун и Карла Бруни.
А. Ј. | Црнобело