Тајните за нега на кожата ги научила од мајка ѝ - Која е рутината за убавина на Лејди Гага?

Нејзината шминка понекогаш може да биде екстравагантна и драматичана, но, кога станува збор за нега на кожата, Лејди Гага сака да биде едноставна.

tajnite-za-nega-na-kozhata-gi-nauchila-od-majka-i-koja-e-rutinata-za-ubavina-na-lejdi-gaga-01.jpg

Годинава на доделувањето на Оскарите, Лејди Гага ги збуни присутните кога, за да настапи на сцената, ја избриша шминката со која претходно се појави на црвениот тепих и се пресоблече во скинати фармерки и маица.

tajnite-za-nega-na-kozhata-gi-nauchila-od-majka-i-koja-e-rutinata-za-ubavina-na-lejdi-gaga-03.jpg

Многумина се прашуваат во што е нејзината тајна и како успева да изгледа совршено и кога во целост го открива сопственото лице?

Таа вели дека е верна на неколку производи за убавина кои добро делуваат на нејзината кожа, а нејзин совет е да ги пронајдете производите кои ви одговараат вам и да се држите до нив.

Не лудувајте по повеќе производи само затоа што се достапни на пазарот. Исто така, таа во неколку интервјуа споделува дека мајка ѝ ја научила дека едноставното е секогаш подобро.

tajnite-za-nega-na-kozhata-gi-nauchila-od-majka-i-koja-e-rutinata-za-ubavina-na-lejdi-gaga-07_2.jpg

Лејди Гага може да си ги дозволи најлуксузните производи за убавина, но тоа не е она што таа секогаш го користи.

Цената или етикетата на брендот не се важни за неа и не бега од купување и користење на производи за убавина во аптека.

Лејди Гага смета дека масажата за лицето е исто толку важна како и онаа за телото.

Таа помага да ги намали отокот и воспалението, ја подобрува циркулацијата на крвта и овозможува добар проток на кислород.

Нејзината едноставна рутина за убава кожа:

Лејди Гага го започнува денот со тренинг и убав топол туш кој понекогаш го менува со долга топла бања. Додека е под туш, го масира и своето лице за да ја релаксира кожата.

tajnite-za-nega-na-kozhata-gi-nauchila-od-majka-i-koja-e-rutinata-za-ubavina-na-lejdi-gaga-09.jpg

Вековното мислење е дека нашата кожа покажува со што ја храниме, а Лејди Гага цврсто верува во оваа филозофија. Таа е голем обожавател на хидратација и често пие кокосова вода.

tajnite-za-nega-na-kozhata-gi-nauchila-od-majka-i-koja-e-rutinata-za-ubavina-na-lejdi-gaga-05.jpg

Таа не само што го храни своето тело со здрава храна, туку и го храни својот ум со здрави мисли. Да бидеме здрави ментално и физички игра значајна улога во одличната кожа.

Па така, одвојува 5 минути од нејзиното утро за убави мисли за себе. Таа верува дека да се биде позитивен кон себе не само што има влијание врз вашето ментално здравје, туку се одразува и врз кожата.

tajnite-za-nega-na-kozhata-gi-nauchila-od-majka-i-koja-e-rutinata-za-ubavina-na-lejdi-gaga-06.jpg

Од прозиводи за убавина, Лејди Гага користи: серум со витамин Ц, хидратантна крема и маска за лице против стареење.

tajnite-za-nega-na-kozhata-gi-nauchila-od-majka-i-koja-e-rutinata-za-ubavina-na-lejdi-gaga-07.jpg

Покрај овај, Лејди Гага е редовна во теретана. Таа оди 5 дена во неделата и вежба најмалку 25 минути дневно. Освен што и даваат затегнато тело, нејзините тренинзи и помагаат да има сјај кој доаѓа одвнатре.

tajnite-za-nega-na-kozhata-gi-nauchila-od-majka-i-koja-e-rutinata-za-ubavina-na-lejdi-gaga-08.jpg

Уште неколку фотографии од Лејди Гага во продолжение:

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Идеи за маникир со панделки: Тренд што ги освои инфлуенсерките Може да ставите панделка на целиот нокт, на одредени нокти, да направите францус...
12 жени кои отишле во непроверен салон за убавина и зажалиле (фото) Ужасно лош маникир, шминка која личи како да ја правело дете, а не шминкер - иск...
Активни состојки во продукти за кожа кои се идеални за зима (ја штитат од сушење и загаден воздух) Витаминот Ц е идеален за зимските денови бидејќи ја штити кожата од загадувањето...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg