Лејди Гага буквално го „соблече“ гламурот од себе на Оскари 2023 и настапи без грам шминка во скинати фармерки (фото)

„На Лејди Гага не ѝ треба шминка, убав фустан или ужасен костум. Таа е вистински уметник“ – велат дел од нејзините обожаватели на социјалните мрежи откако пејачката го соблече гламурозниот фустан во кој се појави, ја избриша шминката и се облече во скинати фармерки и маица за да настапи на сцената на Оскари 2023.

sigurno-site-i-zaviduvaa-shto-mozhe-da-nastapi-udobno-lejdi-gaga-ja-izbrisha-shminkata-i-obleche-farmerki-i-maica-za-da-nastapi-na-oskari-2023-foto-01.jpg

Постојат повеќе моменти што го украдоа вниманието кај публиката на Оскари 2023. Џон Траволта имаше емотивен говор, а Лејди Гага (36) успеа да ги изненади сите со нејзината драстична трансформација за време на Оскари 2023.

sigurno-site-i-zaviduvaa-shto-mozhe-da-nastapi-udobno-lejdi-gaga-ja-izbrisha-shminkata-i-obleche-farmerki-i-maica-za-da-nastapi-na-oskari-2023-foto-02.jpg

За разлика од големиот број познати личности што на Оскари 2023 дојдоа со своите партнери, пејачката зачекори сама, а на социјалните мрежи масовно се споделува моментот кога таа застана за да му помогне на фотографот што падна на црвениот тепих.

Таа на црвениот тепих како и сите останати се појави во гламурозна тоалета со перфектна шминка, но за да ја изведе песната што беше номинирана за Оскар, пејачката одлучи целосно да „се соголи“.

На црвениот тепих Лејди Гага се појави во тоалета на Versace, а лицето ѝ беше целосно нашминкано.

sigurno-site-i-zaviduvaa-shto-mozhe-da-nastapi-udobno-lejdi-gaga-ja-izbrisha-shminkata-i-obleche-farmerki-i-maica-za-da-nastapi-na-oskari-2023-foto-05.jpg

Нејзината шминкерка Сара Тано, за изгледот била инспирирана од видеото на Роберт Палмер, Addicted to Love, а изгледот на Гага беше наречен Addicted to Blush.

sigurno-site-i-zaviduvaa-shto-mozhe-da-nastapi-udobno-lejdi-gaga-ja-izbrisha-shminkata-i-obleche-farmerki-i-maica-za-da-nastapi-na-oskari-2023-foto-03.jpg

Сепак, пејачката успеа сите да ги изненади сите кога се качи на сцената за да ја изведе песната Hold My Hand од филмот Top Gun: Maverick, којашто беше номинирана за Оскар.

sigurno-site-i-zaviduvaa-shto-mozhe-da-nastapi-udobno-lejdi-gaga-ja-izbrisha-shminkata-i-obleche-farmerki-i-maica-za-da-nastapi-na-oskari-2023-foto-07.jpg

Лејди Гага ја замени гламурозната тоалета за скинати фармерки, а ја избриша шминката на лицето во целост.

sigurno-site-i-zaviduvaa-shto-mozhe-da-nastapi-udobno-lejdi-gaga-ja-izbrisha-shminkata-i-obleche-farmerki-i-maica-za-da-nastapi-na-oskari-2023-foto-09.jpg

На фотографиите што се споделуваат на Твитер може да се забележи со фокус одблиску дека пејачката не се срамеше да ги покаже сите несовршености на лицето.

sigurno-site-i-zaviduvaa-shto-mozhe-da-nastapi-udobno-lejdi-gaga-ja-izbrisha-shminkata-i-obleche-farmerki-i-maica-za-da-nastapi-na-oskari-2023-foto-10.jpg

Нејзините обожаватели веднаш побрзаа да ги споделат своите реакции на социјалните мрежи.

sigurno-site-i-zaviduvaa-shto-mozhe-da-nastapi-udobno-lejdi-gaga-ja-izbrisha-shminkata-i-obleche-farmerki-i-maica-za-da-nastapi-na-oskari-2023-foto-11.jpg

Погледнете дел од коментарите на Твитер:

„Лицето на шминкерот на Лејди Гага, откако таа целосно ја избриша шминката за да настапи.“

„Лејди Гага повторно им покажа дека ќе настапува на Оскарите само ако биде снименa на најнеудобен интимен начин и го сакам тоа кај неа.“

„Можам само да замислам колку луѓе ѝ завидуваа во публиката затоа што ја извади шминката, да се наведне и да ја претера со изведбата, а истовремено да се чувствува удобно.“

„На Лејди Гага не ѝ треба шминка, убав фустан или ужасен костум. Таа е вистински уметник, таква каква што е.“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Која трагедија во животот ја натера Памела Андерсон да се откаже од шминка? На забавата по Оскарите 2024 се појави без грам шминка и со несредена коса, на м...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg