Лејди Гага со стомаче ги подгреа гласините дека е бремена, по теориите дека има машки полови органи
- Детали
- вторник, 04 јуни 2024
„Бремена е или се здебелила?“ - Ова прашање го поставуваат твитерџиите откако беа објавени фотките на Лејди Гага со мало стомаче. Интересот е уште поголем затоа што за неа со години се шират теории на заговор дека има машки полови органи.
Пејачката Лејди Гага, викендов заедно со нејзиниот партнер Мајкл Полански присуствуваше на свадбата на сестра ѝ Натали Германота во Мејн.
Фотките, на кои таа во краткиот тесен фустан го покажа стомачето за време на пробната вечера пред свадбата, станаа хит на социјалните мрежи и во таблоидите.
Видно отечена во лицето и со мало стомаче, Лејди Гага веднаш ги подгреа гласините дека е во блажена состојба.
На денот на свадбата пак, таа се појави заедно со нејзиниот партнер Мајкл Полански, со кого е во сериозна врска од 2019-та година.
Инаку, фотките со нејзиното стомаче предизвикаа огромен интерес на социјалните мрежи, оособено ако се земе предвид дека со години наназад се шират теории дека има машки полови органи и дека е хемафродит.
На почетокот на нејзината кариера беа објавени фотки на кои наводно се гледа пенис, по што таа се фотографираше целосно гола за да докаже дека е целосно жена, а неретко носеше и костими кои оставаа малку на имагинацијата.
Токму затоа твитерџиите коментираат дека нема шанси пејачката да биде бремена. Според нив таа најверојатно се здебелила додека работи на новиот долгоочекуван албум LG7.
Инаку, таа пред извесен период раскажа дека еднаш била бремена.
Тогаш низ солзи откри дека неименуван музички продуцент со недели ја силувал, а потоа бремена ја фрлил пред куќата на нејзините родители.
Прочитајте и Теории на заговор дека има и машки полови органи, останала бремена по силување – Факти за Лејди Гага
Погледнете уште неколку фотки од последните појавувања на Лејди Гага:
Б. С. Б. | Црнобело