Теории на заговор дека има и машки полови органи, останала бремена по силување – Факти за Лејди Гага
- Детали
- недела, 04 септември 2022
Откако се појави фотографија на која наводно може да се види како под здолништето има нешто што наликува на машки полов орган, почнаа да кружат гласини дека не е 100% жена, а самата вели дека по секој голем успех на професионален план следувало разочарување на интимен план - факти за Лејди Гага.
Лејди Гага (36) е едно од најексцентричните имиња на светската музичка сцена. Благодарение на уникатниот музички стил, ексцентричниот моден стил и талентот, таа се докажа и како пејачка, но и како актерка.
Таа во моментов е во романтична врска со милионерот Мајкл Полански, за кого велат дека освен што е успешен бизнисмен е одличен човек што ѝ нуди стабилност и сигурност на пејачката.
Во минатото додека редеше успеси на сцената, на приватен план нештата не биле во најдобар ред, а минатата година излезе со тврдење и дека на почетокот на кариерата била силувана, а нејзиниот напаѓач бремена ја фрлил на улица.
Во продолжение неколку интересни факти за пејачката што можеби не сте ги знаеле:
Вистинското име на Лејди Гага е Стефани Џоан Ангелина Германота. Таа има италијанско потекло, а била родена во 1986-та година во Њујорк. Нејзиното уметничко име било изведено од познатата песна на Queen, Radio Gaga.
Лејди Гага почнала да свири пијано уште на 4 години, а на 13 години почнала да пишува песни. Како дете додека учествувала во училишните претстави таа сама ги шиела своите бизарни костими.
Нејзиниот татко Џо Граманота е американски претприемач и сопственик на ресторани. Тој поседувал своја компанија што инсталирала WiFi интернет конекција во хотели, а денес е меѓу директорите на фондацијата Born This Way.
На 15 години Гага добила епизодна улога во ТВ серијата Сопранови.
Минатата година таа гостуваше во емисија во која раскажа како на 19 години неименуван музички продуцент со денови ја чувал заклучена во студиото и постојано ја силувал. Потоа бремена ја фрлил пред куќата на нејзините родители.
Прочитајте и Лејди Гага: „Човекот што ме силуваше ме фрли бремена пред куќата на моите родители – ме чуваше заклучена со месеци“ (видео)
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





