Лејди Гага: „Човекот што ме силуваше ме фрли бремена пред куќата на моите родители – ме чуваше заклучена со месеци“ (видео)

„Бев болна со недели сè додека не сфатив дека болката што ја чувствувам е иста со онаа што ја чувствував кога личноста што ме силуваше ме фрли бремена на аголот пред куќата на моите родители. Бев заклучена во студиото со месеци“ - Лејди Гага за првпат јавно говореше за тоа како била силувана и забременила, но и за болката и процесот на заздравување што следувал подоцна.

Lejdi-Gaga-Chovekot-shto-me-siluvashe-me-frli-bremena-pred-kukjata-na-moite-roditeli-me-chuvashe-zakluchena-so-meseci-01.jpg

Деновиве серијалот The me you can’t see на принцот Хари и водителката Опра Винфри што е посветен на менталното здравје е мошне актуелен како поради искрените изјави на Хари, така и поради изјавите на некои други славни личности.

Така пејачката Лејди Гага во ова шоу говореше за најтемните моменти од нејзиниот живот.

Lejdi-Gaga-Chovekot-shto-me-siluvashe-me-frli-bremena-pred-kukjata-na-moite-roditeli-me-chuvashe-zakluchena-so-meseci-02.jpg

Иако навидум сè изгледа совршено за младата пејачка и актерка - има совршена кариера, добро момче, ужива во гламурозен животен стил, таа сепак призна дека сè уште има проблеми со своето ментално здравје и сè уште има проблем со нештата што ја присеќаваат на траумите од минатото.

Гага открива дека верувала дека за менталното здравје ќе треба да се грижи само додека била помлада, но сега сфатила дека тоа е процес што трае.

Таа низ солзи ја сподели приказната за тоа како се „само-повредувала“ и дека смета дека тоа било начин за да ја покаже болката што ја чувствувала во себе.

„Мислев дека моето ментално здравје беше проблем само кога бев многу млада. Порано се сечев. Имав искуство со злоупотреба и навистина е мошне тешко за мене да се искажам на начин што мислам дека е безбеден за младите, па и повозрасните луѓе да разберат зошто некој би се сечел. Верувам дека тие потреби, за мене, доаѓаа оттаму што морав да ја покажам болката што ја чувствував одвнатре“, вели таа.

Lejdi-Gaga-Chovekot-shto-me-siluvashe-me-frli-bremena-pred-kukjata-na-moite-roditeli-me-chuvashe-zakluchena-so-meseci-03.jpg

Таа напомена дека била и силувана, но нагласи дека нема да го именува сторителот. Ги поздрави сите оние што досега го сториле тоа и ги именувале насилниците, но вели дека одлучила никогаш повеќе нема да не го спомне тој што ја злоупотребил, ниту пак ќе се соочи со него.

Низ солзи и мошне емотивно почна да се присеќа на настаните:

„Имав 19 години и веќе работев во музичката индустрија и еден продуцент ми рече: ’Соблечи сe', a јас одбив и си заминав... Потоа ми се јавија и ми рекоа дека ќе ја уништат мојата музика. Не престана со барањата и само се смрзнав и… Не се сеќавам. Нема да го кажам неговото име, го разбирам #MeToo движењето и разбирам дека голем број луѓе се слободни да говорат за тоа. Јас не сакам никогаш повеќе да се сретнам со таа личност“ - вели таа.

Таа понатаму видно вознемирена продолжува со приказната, притоа нагласувајќи дека во тоа време не била ниту свесна дека за тоа што ѝ се случило и дека ќе ѝ биде потребен психолошки и физички третман.

„Неколку години подоцна отидов во болница и тие донесоа психолог, а јас им реков: ’Донесете ми вистински доктор. Што ќе ми е психијатар, не си го чувствувам телото‘. По ова следеше неподнослива болка, а потоа сосема отрпнав.

Бев болна со недели сè додека не сфатив дека болката што ја чувствувам е иста со онаа што ја чувствував кога личноста што ме силуваше ме фрли бремена на аголот пред куќата на моите родители, затоа што повраќав и бев болна. Затоа што бев злоупотребена. Бев заклучена во студиото со месеци“ – рече таа.

Lejdi-Gaga-Chovekot-shto-me-siluvashe-me-frli-bremena-pred-kukjata-na-moite-roditeli-me-chuvashe-zakluchena-so-meseci-04.jpg

Понатаму, таа говореше и за процесот на заздравување, при што нагласи дека продолжила да живее во параноја и се чувствувала како над неа постојано да има темен облак.

„Имав целосен нервен слом и неколку години не бев истата девојка. Начинот на којшто се чувствувам кога осеќам болка е онака како што се чувствував откако бев силувана. Имав голем број прегледи на магнетна резонанца и други тестирања, не ми најдоа ништо, но телото памети.

Не чувствував ништо. Се исклучив. Тоа е како мозокот да ти исклучува во целост и не знаеш зошто никој друг не крева паника, ама ти си во ултра висока состојба на параноја.

Навистина постои такво чувство кога осеќаш дека има црн облак што те следи каде и да одиш, што ти вели дека со безвреден и треба да умреш, а јас порано врескав и се удирав од ѕид. Знаете зошто не е добро да се сечеш? Зошто не е добро да се самоповредуваш? Затоа што прави да се чувствуваш полошо“ – вели Лејди Гага.

По цели две години, таа вели дека нештата конечно почнале да се менуваат, иако фановите не знаеле. Како што нагласува, ова е првпат таа да ги сподели со јавноста грозоморните случувања.

Она што сите ги шокира е фактот што нагласи дека за целото време додека ова се случувало таа работела, а успеала и да оствари некои од нејзините најголеми соништа.

Lejdi-Gaga-Chovekot-shto-me-siluvashe-me-frli-bremena-pred-kukjata-na-moite-roditeli-me-chuvashe-zakluchena-so-meseci-05.jpg

На прашањето што правела кога сфатила дека има проблеми и дека конечно заздравува, таа одговори: „Добив Оскар“.

Инаку Стефани Џоан Анџелина Џерманота или Лејди Гага има 35 години. Таа уште во тинејџерските години почнала да се занимава со музика, кога пеела по познати клубови во Њујорк.

За нејзината кариера е клучна 2007-мата година. Таа година пејачката која веќе пишувала песни за познати артисти како Fergie, the Pussycat Dolls и Бритни Спирс, потпишала договор со пејачот Akon и Interscope records и почнала да го подготвува својот деби албум The Fame што ќе ѝ донесе светска слава следната 2008-ма година.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg