„Секогаш ќе ти бидам безнадежно посветен“: Џон Траволта се расплака на Оскари 2023 и емотивно се потсети на Оливија Њутн Џон (видео)

Холивудскиот актер Џон Траволта (69) не успеа да ги задржи солзите и со растрепен глас го најавуваше сегментот за холивудските ѕвезди што починаа изминатата година, а меѓу нив и неговата партнерка од филмот „Grease“ и долгогодишна пријателка, Оливија Њутн Џон.

sekogash-kje-ti-bidam-beznadezhno-posveten-djon-travolta-na-oskarite-niz-emocii-se-potseti-na-olivija-njutn-djon-01.jpg

Вчеравечер во театарот „Dolby“ се одржа 95-тата церемонија на доделувањето на Оскарите, а покрај филмските награди и аутфитите, еден од најемотивните моменти беше говорот на Џон Траволта, со кој ѝ оддаде почит на Оливија Њутн Џон, која пред неколку месеци почина од рак.

sekogash-kje-ti-bidam-beznadezhno-posveten-djon-travolta-na-oskarite-niz-emocii-se-potseti-na-olivija-njutn-djon-02.jpg

Додека им оддаваше почит на некои од најголемите холивудски ѕвезди кои починаа изминатава година, Траволта ги замоли публиката и гледачите да се сетат на неговите врсници од забавната индустрија кои повеќе не се меѓу нас.

„Тие ни ги допреа срцата, нè насмеаја и станаа драги пријатели на кои секогаш ќе им останеме безнадежно посветени“, рече глумецот, цитирајќи го насловот на една од најпопуларните песни што Оливија ги пееше во нивниот заеднички филм од 1978 година, Greasе“.

https://youtu.be/Fqiqmvbvsb0

Траволта едвај успеа да ја заврши својата реченица без да заплаче, па го повика Лени Кравиц на сцената.

Кравиц на пијано го изведе својот хит од 2004 година, Calling All Angels, додека на екранот одеа ликовите на актерите и филмските работници кои починаа изминатата година, вклучувајќи ги Реј Лиота, Анџело Бадаламенти, Жан-Лук Годар, Ајрин Кара, Џули Рајчерт, Бурт Бахарах, Анџела Лансбери, Мери Алис, Џејмс Кан и Ракел Велч.

sekogash-kje-ti-bidam-beznadezhno-posveten-djon-travolta-na-oskarite-niz-emocii-se-potseti-na-olivija-njutn-djon-03.jpg

Емотивната реакција на Траволта ги трогна и фановите кои велат дека ова била една од најискрените реакции на Оскарите 2023.

„Кутриот Џон Траволта. Неодамна изгуби три љубови на својот живот: неговата сопруга Кели Престон, Оливија Њутн Џон и Кирсти Ели. Тоа е многу за секого!“ - пишуваат на Твитер.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2024 и забавата по доделувањето (фото) Марго Роби во тоалета како песочен часовник, со природна фризура и шминка позира...
18 ѕвезди за кои (најверојатно) не знаете дека се роднини Некои ѕвезди не само што ги врзува работата, туку и роднинските врски. Дали сте ...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Холивудски ѕвезди кои глумеле со своите деца или родители во ист филм Дали знаете дека Румер Вилис како дете глумела во ист филм со нејзината славна м...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Бен Афлек и синот „шлапнаа“ во вир, Жизел Бундшен тагува: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ лу... Секојпат кога Бен е мизерен, тој завршува како меме, а пред неколку дена папарац...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg