Kако навистина изгледа стомакот по породувањето? (фото)
Модната блогерка и нутриционист од Нов Зеланд, Џули Босејл, решила да ги разбие стереотипите и нереалните слики за жените по породувањето. Храбро застанала пред своето огледало, ја подигнала маицата и 14 недели по ред правела фотографии од својот стомак.
Се одлучила да ја сподели својата приказна и со останатите жени ширум светот кои се соочуваат токму со овој проблем за да ги мотивира да не се чувствуваат лошо и непријатно од својот изглед.
„Иако некои жени успеваат во рекорден период да го добијат своето нормално тело, некои ја немаат таа среќа и за тоа не би требало да се чувствуваат лошо. Ова општество секојдневно ни наметнува одредени норми кои буквално ни ги става под нос за да ни покаже како треба да изгледаме, наместо да уживаме во својата нова улога и да престанеме да се занимаваме со тривијалности“ – Вели Босејл.
Промените кои доаѓаат со бременоста и породувањето се сосема нормални и треба да ги прифатиме како такви без да се грижиме за својот изглед. Тоа е пораката која оваа храбра жена успеала да ја прати ширум социјалните мрежи.