Најдобриот брачен совет: Пред да пробате со нова личност, пробајте уште еднаш со вашиот сопруг/а дома

„Од сопругот/та ви е преку глава и тогаш доаѓа некој кој е нов, внимателен, совршен. Но, запаметете совршени сме сите на почетокот...“

najdobriot-brachen-sovet-pred-da-probate-so-nova-lichnost-probajte-ushte-ednash-so-vashiot-soprug-a-doma-01.jpg

Анџела Новаковиќ е психолог од Србија. Таа на Инстаграм постојано споделува корисни видеа со совети за бракот.

Дел од нејзините совети се:

„Секој петти пар се разведува во првата година дена по добивањето на дете.

Сигурна сум дека знаете некои од оние парови кои се пред разделба и одеднаш добиваат дете. Огромен број на парови е склон да мисли дека бракот магично ќе се поправи ако во семејството дојде дете.
И верувајте ми дека се во право – но, на кратко.

Проблемите, кои паровите веќе ги имаат, не престануваат преку ноќ, можат само да бидат посложени, а незадоволството поголемо, а нивното решавање покомплицирано.

Ако пред детето партнерот и јас имавме различни вредности, ќе ги имаме и понатаму.
Ако порано се каравме околу пари, ќе се караме пак.

Немојте децата да ни ги „пеглаат“ односите.

Немојте они да бидат единствена причина за бракот.
Тоа е голем товар за нив.

Пред да пробате со некој друг, пробајте со својот сопруг/а.

Се менуваме и често моите промени не ги следат неговите и обратно и потоа со текот на времето стануваме лути, повредени и се оддалечуваме еден од друг.
И, потоа, доаѓа некој кој е нов, внимателен, совршен. Запаметете совршени сме сите на почетокот.

Пред да одлучиме да вложиме во тој вториот, ајде да се преиспитаме и уште еднаш да вложиме во овој првиот. Поразговарајте со него, отидете некаде заедно на одмор, појдете на терапија и не заборавајте тоа е истата онаа личност во која се заљубивте, но веројатно двајцата се заглавивте во животните проблеми...

И ако на двајцата ви е грижа, промените се возможни.
А ако промените и по сето ова не се случат, тогаш одете понатаму.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
До бабите и дедото што откажуваат планови и ни го чуваат детето како свое – ви благодарам Писмо до нашите родители - до бабите кои скришно ги откажуваат закажаните планов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg