10 причини зошто мајките би биле одлични тајни агенти

Некои мислат дека професијата таен агент е машка работа, а во суштина, жените, особено мајките имаат таква вродена дарба.

10-pricini-zosto-majkite-bi-bile-odlicni-tajni-agenti-001.jpg

Со оглед на тоа што претставува улогата мајка и со што сè се соочува жената кога ќе ја добие, сигурно и Џејмс Бонд би ѝ позавидел.

Понекогаш да се биде мајка е професија која не може да се надмине со ниедна друга, а вештините научени од неа може да се користат во разни ситуации.

Еве како една мајка објаснува барем 10 ситуации во кои се покажува зошто би биле одлични шпиони или тајни агенти.

1. Мајките се навикнати на свет полн со дезинформации и саботажа

Ние сме кралици за прифаќање изговори за да не се оди во училиште или да се избегне дополнителниот час по англиски. Според тоа сме совршени детектори за лаги.

Кога детето ќе каже: „Не мамо, не сум пред компјутер, учам“ ние по бојата на гласот препознаваме дека не е вистина.

Одлични сме и за собирање информации. Многу лесно зборувајќи за другарчињата на детето дознавме што се случило со учителките и некој од родителите: „Учителката веќе нема да доаѓа на работа, затоа што Сара се пожалила дома дека ја потегнала за косата и ја искарала“.


2. Надзорот е составен дел од нашиот секојдневен живот

Не сме толку арогантни за да престанеме да се усовршуваме во шпионската област. Наместо тоа, си ги признаваме грешките и учиме од нив.

Ако ја отворите историјата на прегледи со пребаруваните страници во компјутерот на вашето дете, ќе најдете многу непристојни поими за кои детето нема никогаш да ви открие или признае. Не го очекувајте тоа од него, но добро е да најдете начин за да бидете упатени.


3. Ја забележуваме и најмалата ситница

Секој кој може да се справи со детската коса полна вошки од градинка е способен да анализира и сателитски снимки.

Покрај тоа, кога нашето дете ќе направи некој престап, се трудиме да го разбереме неговиот мотив за таквото однесување.

Според она со што може да се справи жената не би можело да се каже дека е послаба или поемотивна од мажот, туку само социјалните предрасуди му дале таква бесчувствителна улога и орден за сила.


4. Ние знаеме како да го добиеме она што го сакаме

Ги поседуваме клучните вештини за добра шпионажа како што е и подмитувањето. Може да убедиме со една реченица: „Само ти напиши ја домашната, јас до тогаш ќе одам до продавница да ти купам нешто благо“ или „Ако не научиш до вечер, нема излегување цел викенд“.


5. Ние сме незабележителни набљудувачи

Ние сме природни трагачи. Која било мајка што го носела детето во некоја поголема игротека или парк каде треба да внимава каде се движи и што прави, покрај многуте други деца, има развиено посебни вештини и способности за лоцирање во рекордно брзо време.

Ова е вештина која со секојдневното вежбање само се усовршува. Вежбањето во отежнати услови како во моменти на паника, низ солзи или хистерично туркање низ маса луѓе  и забрзан пулс само ја потврдува маестралноста и професионалноста на улогата мајка - шпион.

Ние имаме соколови очи. Рендгенскиот вид не само што успешно го лоцира објектот , туку и сите околни опасности. Ние сме свесни за своите потенцијални непријатели кои нè следат и оценуваат. Навикнати сме да работиме под притисок.

10-pricini-zosto-majkite-bi-bile-odlicni-tajni-agenti-3.jpg

6. Одлични сме во меѓучовечките односи

Нашите социјални вештини се усовршуваат во текот на многуте години мачење. Од притаениот бес кога ќе сфатите колку пари треба да дадете за албум и самолепливи сликички кој не вреди толку, но сите го имаат, преку суптилното малтретирање кое гледате дека вашето дете го трпи од некое поитро другарче, па сè до шокантниот напад на вашето дете кој се случува од страна на некоја друга мајка пред ваши очи.

Мајките знаат да направат разлика помеѓу вистинскиот бес и вообичаеното подбуцнување  на игралиштето. Ние му веруваме на инстинктот кога треба да му се спротивставиме на непријателот, а кога треба само да ја смириме ситуацијата.


7. Посилни сме отколку што изгледаме

Дури и ако го занемариме раѓањето на децата, научните докази покажуваат дека жените и физички и психички се посилни од мажите.

Пред извесно време, една студија покажала дека хормонот тестостерон сака да направи хаос во машкото тело и тоа така што поголеми се шансите мажот да потпадне под влијанија и пороци, отколку жената.


8. Потценети сме

Кога сте мајка, ве гледаат само во таа улога и забораваат на сè друго што претставувате. Веќе станува неважно дали сте докторка, адвокатка, продавачка, туку сте само мајка. Тоа на некои места се гледа и со потценување или попуштање, како на пример давање предност на мајка со дете, што во шпионската работа може да биде и од големо значење. Во моментот кога треба да се влезе во некоја институција, мајката која можеби по професија е и таен агент, ако е со дете, таа добива влез како мајка.


9. Имаме бесконечно многу трпение

Ние сме чувале будно и расплакано бебе по цели ноќи, сме ги изгледале сите цртани со него, сме учеле со него, сме го чекале, сме се разубедувале, сме го превоспитувале. Тоа многу кажува за нашето трпение.


10. Ние сме господарки за преправање

Можеме без проблем да се подготвиме за прием во амбасада иако во текот на целиот ден сме биле домаќинки извалкани со брашно, чистачки низ домот или ненаспани мајки.

10-pricini-zosto-majkite-bi-bile-odlicni-tajni-agenti-2.jpg

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg