Писмото на една загрижена мајка која има „грда ќерка“

Една мајка на Reddit привлече огромно внимание откако реши искрено да зборува на темата која е табу за сите родители. Таа е свесна дека ја нема најслатката ќерка во светот и упорно се труди да и помогне во животот.

pismoto-na-edna-zagrizena-majka-koja-ima-grda-kerka-01.jpg

„Се мразам заради она што ќе го кажам, не ме осудувајте, но ова е само логички факт - таа е физички неатрактивна. Од мене и сопругот ги наследи најлошите особини. Неговите раздвоени очи и изразен нос, мојата крупна градба и виткана коса,“ започнува да раскажува загрижената мајка.

„Еден лекар кој беше на замена на нашиот матичен, почна да ми објаснува што да правам кога детето има Даунов синдром... А, таа нема Даунов синдром, родена е потполно здрава. Друг доктор сакаше да не упати кај стручњак кој ќе го реши проблемот со Алпортовиот синдром. А, мојата ќерка го нема ни тоа,“ открива мајката.

Иако на својата ќерка секојдневно и повторува колку ја сака, загрижена е бидејќи е свесна дека нејзиното дете ќе биде мета на шеги и потсмевања во училиште.

„Како станува повозрасна, децата започнуваат да го забележуваат нејзиниот изглед. Некои од нив имаат грозни коментари. Неколку деца пред мене ги имаат прашано своите родители зошто таа изгледа како што изгледа.

Жал ми е затоа што е забавна, дарежлива, сочувствителна. Таа е она дете кое постојано ги спасува напуштените животни и ги враќа бубачките назад на ливчињата.“

Мајката признава дека се чувствува лошо заради начинот на кој размислува, но со сите сили се обидува да биде попозитивна.

„Најмногу од се би сакала да биде личност со добро срце. Но, животот за неа ќе биде тежок, а таа не заслужува. Не знам како да не се чувствувам виновно затоа што и самата мислам дека моето дете не е прекрасно и неодоливо.

Се мрзам заради ова што го пишувам, но само сакам да и помогнам на мојата ќерка да расте здраво, да израсне во млада и среќна жена и да не дозволи изгледот да и застане на патот за остварување како личност.“

Набрзо мајката доби еден куп реакции од други мајки кои не осудуваа. И дадоа целосна поддршка и неколку конструктивни совети.

Како еден од најдобрите го издвојуваме следниов:

„Искрено, и да ти е детето неверојатно прекрасно, би ти ја кажала истата работа - не го фали нејзиниот изглед, туку нејзините напори, таленти и социјални вештини. Негувај ја нејзината креативност за утре да има алатки со кои секогаш ќе создава нешто ново, наместо да биде зачудена од туѓите очекувања базирани на нејзиниот изглед.“

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg