Деца кои никогаш не плачат: Родителски лекции од последното племе на Земјата

Еден фотограф и автор на авантуристичкиот роман „Пред да исчезнат“, раскажува за неговите патешествија и авантури за средбите со разните племиња кои се во исчезнување, нивниот начин на живот и сè што научил од нив за воспитувањата на децата.

deca-koi-nikogas-ne-placat-roditelski-soveti-od-poslednoto-pleme-na-zemjata-01

Тој им дава посебно значење на различните племиња бидејќи смета дека тие се последната чиста традиционална култура. Имаат нешто што ние немаме и сме на работ за да ги изгубиме засекогаш.  Племињата даваат рамнотежа помеѓу културата и знаењето за последните светски природни опкружувања, традиции, јазици.

Нивниот опстанок е најмоќен, бидејќи колку и да звучи сурово, правилото е дека ако бебето се роди болно, умира, ако е здраво ќе преживее и ќе продолжи да живее на здрав начин.

Реално, многу од болестите од кои патиме денес сами сме си ги нанеле во текот на животот и на начинот на кој го водиме. Веруваме дека мораме да живееме за среќа.

Но, никој од овие луѓе не го знае изразот „за среќа“ бидејќи тие не се грижат за иднината или кога ќе бидат среќни, туку едноставно се среќни.

Не размислуваат за работите кои може да ги направат среќни, не прават планови, едноставно живеат во моментот и за моментот. Како размислуваат така дејствуваат, но не за утре или некој друг ден, туку секој момент го живеат засебно и целосно.

Одгледувањето на децата е сосема поинакво од она што ние го знаеме. Таму нема поделени периоди кога детето се дои, кога му се нуди цврста храна, кога е време за спиење или прошетка.

Тие само им ги задоволуваат сите потреби на децата. Додека тие сакаат да цицаат од мајката, таа тоа им го овозможува дури и до 4-та или 5-та година, а после тоа имаат поцврсто тело и организам од кој било друг. Нема ништо почисто и поздраво од мајчиното млеко.

Децата не плачат кога им се јаде бидејќи се постојано приврзани до градите на мајката, па добиваат храна штом посакаат.

Навечер не се будат со плачење бидејќи се добро нахранети пред да заспијат и спијат помеѓу родителите, па така чувствуваат постојана приврзаност и контакт со нив.

Во денешно време многу е потценета улогата на мајката бидејќи е поважна титулата од успешната кариера, па децата се раѓаат сè подоцна.

Во племињата децата се раѓаат во тинејџерските и адолесцентските години, кога телото е најеластично и девојките се бестрашни.

Таму сите се заедно и се поврзани, така меѓусебно се одржуваат и колку што се зависни едни од други, толку не зависат од никој друг.

Доколку сите можат да извлечат максимум и да го применат нивниот начин на живот, многу би биле посреќни и поздрави.

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg