Мали совети кои заборавивте да и ги кажете на вашата ќерка

Понекогаш, од големите животни лекции и поуки ги забораваме оние ситните, но премногу важни.

25-mali-soveti-koi-zaboravivte-da-i-gi-kazete-na-vasata-kerka-01

За да го задржите веселиот дух на вашата ќерка, но истовремено да го скротите немирот низ кој минува, не заборавајте да ѝ ги дадете следните 25 совети:

1. Впивај ги драгоцените сончеви зраци наместо да седиш дома.

2. Изгуби се во непозната земја и распрашувај се наоколу. Ќе откриеш нов свет!

3. Јаглехидратите не ти се непријатели.

4. Следи го своето срце по секоја цена.

5. Но, постојат и неколку мажи кои треба да ги избегнуваш по секоја цена.

6. Имаш премногу шминка, и покрај тоа што не ме прашуваш.

7. Би било прекрасно ако ја прочиташ „Ана Каренина“.

8. Моите специјалитети секогаш ќе ти бидат највкусни, колку и да не ми признаваш.

9. Смеј се додека не останеш без воздух.

10. Градникот кој совршено ти прилега не е посакуван, туку неопходен.

11. Твојата среќа е твоја и ничија друга.

12. Не ја барај суштината на твоето постоење во твоето момче.

13. Потруди се да го одржиш контактот со твоите пријатели, колку и да се далеку.

14. Натерај ги луѓето да се чувствуваат пријатно во твоја близина.

15. Чекори со високо крената глава.

16. Слободно нарачај чизбургер на првиот состанок ако си гладна.

17. Никогаш, ама баш никогаш не ги грицкај ноктите.

18. Научи нешто од грешките кои ги правиш речиси секој ден.

19. Постои одредена количина успех во секој неуспех.

20. Пронајди СВОЈ парфем.

21. Никому не се правдај за своите желби.

22. Не си помалку женствена во патики и тренерки, отколку во штикли и тесен фустан.

23. Сакај ги своите пријатели со цело срце и душа.

24. Не е срамота да ја идеализираш љубовта.

25. Сподели со мене сè што ти тежи!

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg