7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно

Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќе се научи дека ќе доаѓам секојпат кога ќе се расплаче – да, засега немам намера да ја оставам, бидејќи е мала и јас сум ѝ сè на светот. 

7-raboti-shto-gi-pravam-so-moeto-dete-iako-mi-rekoa-da-ne-gi-pravam-koga-se-rodi-01.jpg

Интересно е како додека немаме свое дете мислиме дека толку многу знаеме на теми за родителството, па од тоа што сме слушнале од некои родители, пробуваме да убедиме некој друг како е правилно.

Но, дури и оние кои имаат свои деца, не значи дека знаат како правилно треба да се одгледаат, бидејќи не постојат правила – сите деца и сите родители се различни, и тоа е во ред.

Уште додека бев бремена добив голем број совети за тоа што е правилно и како треба или не треба да се научи детето, а откако се роди ќерка ми, истите продолжија – дали од блиски луѓе, дали од доктори, специјалисти, Инстаграм експерти...

Додека голем број од нив кои сметав дека се логични - ги прифатив, сепак некои не ги послушав и до ден-денес ги правам работите за кои ми рекоа дека не треба да ги правам.

И не, не е од инает, не е затоа што мислам дека јас знам подобро од нив, туку затоа што сум почувствувала дека така е најдобро во моментот за мене и моето дете.

Дури и ако понатаму сфатам дека сум погрешила, ќе знам дека сум се обидела и сум направила како што ми велело срцето.

Работи кои ги правам со моето дете иако ми рекоа дека не треба (и не се каам, засега):

1. Ми велеа да не ја научам на држење во раце, но сепак ја земам и ја држам во мене кога игрите не успеваат да ја расположат – и уживам во тие моменти додека е мала, иако можеби понекогаш сум преморена и ме боли цело тело.

2. Ме советуваа да не ја учам на цуцла, но и покрај тоа што на почетокот послушав, со тек на време сфатив дека таа ни е само од помош и нема зошто да ја избегнуваме засега. Кога ќе дојде време за одвикнување, ќе видиме. 

7-raboti-shto-gi-pravam-so-moeto-dete-iako-mi-rekoa-da-ne-gi-pravam-koga-se-rodi-02.JPEG

3. Ја заспиваме со нишкање во раце иако ми велеа дека треба да научи да спие самостојно. Ќе дојде и тој ден, а дотогаш нема потреба да си правиме стресови.

4. Ми велат да ја спуштам во креветче секојпат кога ќе заспие, но сепак ја држам во мене додека спие понекогаш, бидејќи знам дека ќе се разбуди ако ја оставам – и убаво ми е кога гледам како спокојно спие во мојата прегратка.

7-raboti-shto-gi-pravam-so-moeto-dete-iako-mi-rekoa-da-ne-gi-pravam-koga-se-rodi-03.JPEG

5. Многу советници ќе речат дека не е добро бебињата да ги успиваме со цицање/пиење млеко, но сепак го правам тоа и чувството е бесценето кога навечер ќе заспие со подотворена уста додека јаде.

6. Велат никогаш да не ги учиме децата да спијат со нас, но сепак кога неа тоа и е потребно и чувствува некаков немир или често се буди, ја земам до мене и ја држам за рака или тело за да продолжи мирно да спие.

7-raboti-shto-gi-pravam-so-moeto-dete-iako-mi-rekoa-da-ne-gi-pravam-koga-se-rodi-04.jpg

7. Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќе се научи дека ќе доаѓам секојпат кога ќе се расплаче – да, засега немам намера да ја оставам да плаче сама и сакам да знае дека сум тука за неа.

Сигурна сум дека како што ќе поминува времето, листата уште повеќе ќе се зголемува со нови совети и правила. 

Кои работи ви ги кажувале на вас? Ги слушате ли или сепак одлучувате сами што е најдобро за вас и вашето дете?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. | Црнобело / фото: приватна архива

Би можело да ве интересира:

„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg